fbpx

Д-р. Јана МАРИН

Член на Одбор на директори
Директор на болницата

Д-р Марин дипломирала на Стоматолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2007 година. Во 2009 година магистрирала на престижниот универзитет „Бокони“ во Милано, на Одделот за интернационален здравствен менаџмент, економија и политика. Првото работно искуство во здравството ѝ е во Одделот за квалитет на германската единица на Групацијата Капио, (Capio Deutsche Klinik GmbH) во Фулда, Германија.

Дел од професионалното работно искуство го стекнала во текот на ангажманот во Министерството за здравство на Република Македонија. Како советник на министерот за здравство работела на широк дијапазон теми од областа на здравствената политика и на економското планирање во јавното здравство. Од 2016 до 2017 г. била член на Одборот на директори на „Аџибадем Сити Клиник“, Бугарија.

Со својата едукација, стручност, менаџерски способности и иновативност ги води клучните проекти на болницата. Д-р Марин раководеше со процесот за JCI акредитација, кој заврши со акредитирање на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од страна на  Joint Commission International. Специјалности и зони на експертиза на Јана Марин се управување со квалитет и мерни системи, медицински туризам, спојувања и аквизиции, здравствен менаџмент и здравствена политика.