fbpx

МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ БИЛЈАНА ДИЛЕВСКА И МАРИЈА ЉАМОВА ПРОГЛАСЕНИ ЗА НАЈХУМАНИ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ, ТЕХНИЧАРИ И АКУШЕРКИ

12.05.2022
По повод одбележувањето на Светскиот ден на медицинските сестри, техничари и акушерки Националното здружение на медицински сестри, техничари и aкушерки (ЗМСТАМ) додели пофалници за медицинските сестри од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ – Билјана Дилевска и Марија Љамова, за својата хуманост и придонес во сестринството.

Билјана Дилевска е главна медицинска во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, а со оваа професија се занимава повеќе од 30 години. Таа е вистински лидер во сестринството и дел од менаџментот во КБ „Аџибадем Систина“. Во текот на пандемијата со Ковид-19 директно раководеше со сите тимови во болницата. Медицинската сестра Марија Љамова со своите познавања во ургентна медицина, анестезиологија и интензивно лекување даде огромен придонес во справувањето со пандемијата со Ковид-19.

Денот на медицинските сестри и техничари е 12 мај и се одбележува секоја година во знак на сеќавање на роденденот на Флоренс Најтингеjл.