fbpx

МАГИЧНО НОВОГОДИШНО УТРО

01.01.2022

Празничната новогодишна магија ова утро блесна на Одделот за неонатологија и интензивна нега во „Аџибадем Систина“. Бебињата облечени како новогодишни подароци ги стоплија срцата на мајките кои со нетрпение чекаа да ги земат во прегратка највредните подароци. А како надополнување на целата магична слика беа медицинските сестри од одделот облечени во новогодишна облека. Малите ангелчиња направија несекојдневна глетка на нашиот оддел која е одличен почеток за новата година. Среќни сме што нашиот гест беше пријатно изненадување и симболичен почеток за новата година. Со задоволство ги споделуваме фотографиите кои ја разубавија нашата нова година.