fbpx

Кога опасниот вирус станува опасен по живот – Брзата интервенција на искусните доктори ја спасија Љубица

28.06.2019

Истоштеност, дехидрираност, покачена температура, често повраќање и дијареа… Наивни симптоми кои 72-годишната Љубица Чонева не им придала големо значање и ги протолкувала како стомачен вирус. Но кога во еден момент, симптомите почнале да се засилуваат, температурата почнала да се покачува, започнало повраќањето во повеќе наврати, засипнатост, отежнато голтање решила да побара лекарска помош. Дополнително за да се отежне клиничката слика, поради дехидрираноста таа имала и нарушена бубрежна функција. Со солзи во очите Љубица објаснува дека се надевала дека ситуацијата ќе ја преброди со аналгетик и неколку шишиња инфузија и никогаш не очекувала дека животот ќе и биде ставен под знак прашање, дека од обичен вирус ќе остане 18 дена во болница, меѓу кои неколку дена на интензивна нега.

Желудочната киселина направила сериозни проблеми

Неколку дена по хоспитализацијата здравствената состојба наместо да се подобри со рехидрирањето, се покажала вистинската слика. Обилните и чести повраќања во млаз си го направиле своето, желудочните киселини ги оштетиле хранопроводот и грлото, а ги оштетиле и гласните жици. „Докторите при приемот ме советуваа да направам прво лабораториска анализа, а потоа и останатите прегледи. Во меѓувреме ситуацијата почна да се влошува. Од обична вироза, стомачната киселина почна да се искачува нагоре низ хранопроводот и направи штета. Се јавија карактеристични повраќања како водоскок, на секое пиење вода јас повраќав. Од хоспитализација, која требаше да биде ден-два, јас останав цели 18 дена врзана за болничкиот кревет. Желудочната киселина почна да се искачува нагоре и го зафати хранопроводот.“ – објаснува Љубица.

Го изгубив гласот и комуницирав со пишување

„Најстрашен момент за мене беше кога ги изгубив гласот и дишењето и дојдов во безизлезна состојба која ме доведе до кома. За да можам да комуницирам со моето семејство и со докторите морав да пишувам на лист хартија. Се чувствував многу немоќно. Ако претходно се правев сама, сега зависев од другите. Мојата здравствена состојба не одеше на подобро, па ме сместија на интензивна нега. По два дена ми беше забранет внес на храна, ми направија хируршка процедура на душникот траехеотомија за да можам да дишам и ме поставија на респиратор. Мигови кои ми се чинеа како вечност. Само сакав се да помине и што поскоро да заврши оваа лоша епизода во мојот живот. Посакував повторно да се вратам на секојдневните обврски и болничкиот кревет да го заменам со креветот дома. Минутите стануваа часови, часовите денови… Не би сакала никој да се најде во мојата ситуација“-вели Љубица.

Во Аџибадем Систина започнав доктори кои влеваат сигурност, вистински професионалци

Првата средба и запознавање ми беше со д-р Стојковски и д-р Љирим, токму таа средба ќе ми остане во трајно сеќавање. Запознав двајца професионалци и искусни доктори кои ми беа поддршка и сигурност во процесот на лекувањето. За моето здравје се ангажираше и проф. д-р. Василесвки. Во сите нив имав 100% доверба. Ме храбреа постојано и ми ја пренесуваа својата позитивна енергија. Се чувствував сигурно и во вистински раце. Не познавав никого од докторите пред да дојдам тука, а судбината ме донесе во вистинските раце на д-р Љупчо Стојковски. Овој тим сега го препорачувам на сите и во секое време би дошла повторно тука, без размислување.

Борец пациент

Д-р Љупчо Стојковски вели дека во неговто богато работно искуство не запознал толку голем борец. Силната желба за живот, во ниту еден момен да не се предаде била клучна во процесот на лекување. „Љубица покажа дека е голем борец кој активно се бореше и покрај сите здравствени проблеми кои ги носи оваа состојба. Нејзината позитивна мисла, сила и енергија, со помош од докторите и навремена дијагноза ја победи болеста. Драмата траеше 18 дена, од кои поголем дел од време помина на интензивна. Беше во тешка ситуација, бидејќи ретко се среќааваат вакви компликации на грлото и хранопроводот кои се предизвикани од желудочната киселина. Сите чекори во процесот на лекувањето кај Љубица беа добро одмерени и испланирани. Таа покажа дека ако успееш со пациентот да комуницираш и во најтешките состојби, ќе ги добиеш најдобрите резултати во процесот на лекувањњето. Таа кажуваше што нејзиното тело чувствува. Желбата за комуникација ја спаси Љубица, досега во моето богато искуство не сум сретнал пациент со поголема желба за комуниакција.Во ниту еден момент не се предаде, а кога не можеше да комуницира говорно, таа пишуваше. Оваа комуникација вроди со одлични резултати во лекувањето“- објаснува д-р Стојковски кој бил задолжен за нејзиното лекување. А сега, една година потоа, Љубица го живее животот со полн здив. Универзитетската професорка ужива во пензионерските денови со најблиските и се радува на секој нов ден. Вели зад себе има едно искуство кое ја направило да биде посилна личност, но и да запознае одлични доктори и професионалци кои чувствува дека ќе и останат пријатели за навек.

Успешна тимска работа

Како резултат на една успешна тимска работа на лекарите, од кои имав голема нега и разбирање мојата здравствена состојба почна да се подобрува. Цел тим доктори и медициснки сестри беа ангажирани постојано околу мене. Би ја дала секоја пофалба за нивната посветеност која ми помогна многу. Целиот тим многу влијаеше на мојата физичка и психичка состојба. По завршување на болничкиот престој, со добра домашна нега за кратко време станав и почнав да функционирам како и претходно.