fbpx

Кога летниот одмор за миг се претвори во голгота, проф. Савески ми го спаси животот

10.09.2019

goran web

„Летото е време кога секој од нас сака да ужива на плажа и максимално да го искористи својот летен одмор. Заедно со моето семејствo решивме летото да го поминеме во Грција. Како и секој ден претходно, така и на 11 август со моите тројца синови отидовме на плажа. Уживаме во водените лудории, па решивме да скокаме од пристаништето. По вториот скок, кој за мене беше опасен, добив страшни болки. Скокнав во дел каде што висината беше поголема, а водата поплитка. Не направив добра проценка и дојде до фатална повреда. Почувствував страшна болка во главата, вратот, рамената и грбот. Кога излегував од вода почувствував дека главата и вратот ќе ми експлодираат. Направив неколку движења и тогаш почна да ми се губи видот и останав без здив. Излегов на брегот и веќе на ништо не се сеќавам. Деновите кои со нетрпение ги чекав, за мене се претворија во голгота. Бев 5 дена во болницата „Св.Никола“ во Грција, но без никакво подобрување. На 15 август со специјална екипа за транспорт од Македонија бев префрлен во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Тука бев згрижен по сите светски стандарди, наидов на одличен прием и професионален тим. Стручност, искуство и големо познавање во работата. Посебно би сакал да му се заблагодарам на проф. Јордан Савески и д-р Неда Трајковска како и на целиот неговиот тим, кои се врвни професионалци. Благодарение на нив повторно застанав на нозе. Денес повторно сум среќен човек, татко, сопруг. Не постојат зборови со кои можам да ја истакнам мојата благодарност до вас. Вие ми го спасивте животот“ – ни напиша Горан Радовиќ од Париз, Франција.