ТИМ ЛИДЕР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ХИГИЕНА
Објавно на: 25/09/2023
Статус: Активен
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Клиничка болница „Аџибадем Систина“ има потреба од:
– ТИМ-ЛИДЕР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ХИГИЕНА (1 извршител)
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
Главните одговорности на тим-лидерот за одржување на хигиена е вршење контрола на хигиената во болничките простории и болничките соби при нивна секојдневна проверка, водење евиденција за состојбата на хигиената во болницата, како и правење извештаи за тоа, во постојана комуникација со другите вработени, со цел одржување постојана хигиена низ целата болница.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА
- Завршено минимум средно образование
- Работно искуство во слична област ќе се смета за предност
- Посветеност на работата
- Одлични комуникациски вештини
- Високо ниво на доверливост и етика
- Флексибилност во однос на работните обврски и работното време (работа во прва и втора смена)
- Возраст од 25 до 30 години
- Способност за детално организирање и планирање на тековните работи
УСЛОВИ ЗА РАБОТА И БЕНЕФИЦИИ
- Конкурентна плата во зависност од искуството на кандидатот
- Организиран превоз
- Обезбеден топол оброк
- Регрес за годишен одмор (К-15)
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
- Континуирани обуки
- Пријатна работна атмосфера
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
- Огласот е отворен 5 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на
- e-пошта: hr@acibademsistina.mk или по пошта на:
- Клиничка болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
- За уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
- Дискреција на кандидатите е загарантирана.
- Само кандидатите што ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.
Онлајн апликација за кариера
Активни огласи
Позиција | Оддел | Објавно на | Статус |
---|---|---|---|
Акушерка во родилна сала | 09/11/2023 | Активен | |
Хигиеничари | 27/10/2023 | Активен | |
Транспортер | 27/10/2023 | Активен | |
Административен службеник во Дијагностички лаборатории | 25/10/2023 | Активен | |
Доктор - Специјалист по анестезиологија со реаниматологија/интензивно лекување на Одделение за Детска Кардиохирургија | 04/10/2023 | Активен | |
Доктор-Специјалист по педијатрија на Одделение за Детска Кардиохирургија | 04/10/2023 | Активен | |
Машински техничар | 20/09/2023 | Активен | |
Службеник на паркинг | 12/09/2023 | Активен | |
Службеник за обезбедување | 12/09/2023 | Активен | |
Болничар | 11/09/2023 | Активен | |
Асистент за финансиско известување и планирање | 11/08/2023 | Активен | |
Специјалист за поддршка на апликации | 01/08/2023 | Активен | |
Информатички техничар | 26/07/2023 | Активен |