fbpx

Супервизор за тековно техничко одржување

Објавно на: 20/04/2023
Статус: Активен

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Клиничката болница “Аџибадем Систина”  има потреба од:

 

СУПЕРВИЗОР ЗА ТЕКОВНО ТЕХНИЧКО ОДРЖУВАЊЕ  (1 извршител)

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

Супервизор за тековно техничко одржување врши надзор на сите процеси поврзани со техничкото одржување на болницата, менаџира со надворешни фирми кои работат на реновирање и отстранување дефекти, а од истите обезбедува понуди за решавање на техничките проблеми кои не можат да бидат отстранети од тимот за техничко одржување, го менаџира тимот и им делегира работни обврски за техничко одржување на болницата, предложува соодветни технички решенија, учествува во изработка на планот за превентивно одржување на системите во болницата, редовно комуницира со одговорните лица на другите оддели и медицинскиот персонал за успешно извршување на поправките во болницата.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА

  • Завршено соодветно образование
  • Минимум 2 години искуство на позиција поврзана со техничко одржување на алуминиумска браварија, столарија, водоводна инсталација, ентериер
  • Лидерски и менаџерски способности
  • Организациски способности
  • Способност за следење повеќе работни задачи и процеси истовремено
  • Спсобност за следење на технички цртежи и планови
  • Способност за анализирање
  • Способност за забележување грешки, проблеми и неправилности
  • Високо ниво на точност и прецизност
  • Способност за тимска и индивидуална работа
  • Познавање на MC Office програмите (Excel, Word)
  • Возачка дозвола, категорија Б

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

 

  •  Апликациите треба да бидат доставени на e-пошта: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана.
  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

 

 

Онлајн апликација за кариера

    Прикачете CV *