fbpx

Специјалист за социјални медиуми и веб-едитор (со познавање албански јазик)

Објавно на: 31/01/2019
Статус: Активен

Клиничка болница „Аџибадем Систина”  има потреба од

Специјалист за социјални медиуми и веб-едитор (со познавање албански јазик) – 1 извршител

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Подготовка на материјали за објава на социјални медиуми и веб-страниците во компанијата на албански јазик;
  • Следење на дигитални медиуми;
  • Учество во креирање дигитални реклами, веб-банери, кампањи, промоции за услуги што ги нуди компанијата;
  • Учество во создавање нови веб-платформи според потребите на компанијата;
  • Учество во создавање на структурата и содржината на веб-страницата;
  • Превод на текстови на албански јазик за објава на блогот на компанијата ( Daily dose of health);
  • Следење на содржината на интернет-порталите и социјалните медиуми на компанијата;
  • Учество во процесот на селектирање и избор на фотографии за нивна објава и објава на текстови;
  • Следење на објавите поврзани со компанијата на социјалните медиуми, блогови и интернет-портали;
  • Учество во развивање маркетинг-програми за промоција на брендот на компанијата на дигиталните медиуми;
  • Други маркетинг активности.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА

  • Завршено високо образование;
  • Одлично познавање македонски јазик ( јасно говорење, читање, пишување);
  • Одлично познавање албански јазик (говорење, читање, пишување);
  • Одлично познавање англиски јазик (говорење, читање, пишување);
  • Познавање на работа со компјутери;
  • Напредно познавање Microsoft Office програми;
  • Искуство во работа со социјални медиуми, маркетинг и дигитални програми;
  • Познавање на здравствените услуги што се нудат на пазарот;
  • Познавање на медицинска терминологија.

ЛИЧЕН ПРОФИЛ

  • Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност;
  • Почитување на правила и кодекс на работа;
  • Внимателност и прецизност при работењето;
  • Одлични комуникациски способности – пишани и вербални;
  • Аналитички способности и високо ниво на креативност;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Способност за одредување приоритети во работењето;
  • Внимание на детали и точност при обработка на истите;
  • Флексибилност;
  • Адаптибилност;
  • Висока работна етика

ПОЗИЦИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА

  • Специјалистот за социјални медиуми и веб-дедитор е одговорен пред Директорот на секторот за маркетинг.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Огласот е отворен 5 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на e-пошта: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана.
  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

Онлајн апликација за кариера

Прикачете CV *