Специјалист за правни работи
Објавно на: 30/01/2023
Статус: Активен
Клиничката болница „Аџибадем Систина” има потреба од:
- Специјалист за правни работи
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
Специјалистот за правни работи во сектор за правни работи е одговорен за соработка со институциите, доставува дописи, изготвува или дава правно мислење за договори, спогодби и други правни акти. Изготвува целокупна документација и спроведува постапка за вработување на странец, пополнува прашалници, обрасци и други документи за болницата по барање на други правни субјекти, следејќи ги законските прописи поврзани со сите задачи што ги извршува.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА
- Завршено соодветно високо образование (Правен факултет)
- Минимум една година искуство во сектор за правни работи
- Познавање за законската регулатива на РСМ
- Познавање англиски јазик
- Работа со компјутери
- Одлучни комуникациски вештини
- Способност за активно и внимателно слушање
- Високо ниво на доверливост и етика
- Добри организациски способности
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
- Огласот е отворен 5 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на e-пошта: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје. Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
- Дискреција на кандидатите е загарантирана.
- Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.
Онлајн апликација за кариера
Активни огласи
Позиција | Оддел | Објавно на | Статус |
---|---|---|---|
Фармацевтски техничар | 22/03/2023 | Активен | |
Хигиеничари | 01/03/2023 | Активен | |
Дипломиран фармацевт | 01/03/2023 | Активен | |
Преведувач од англиски јазик | 27/02/2023 | Активен | |
Службеник за обезбедување на имот и лица | 15/02/2023 | Активен | |
Тим лидер за одржување на хигиена | 20/12/2022 | Активен | |
Транспортер | 07/12/2022 | Активен |