fbpx

Специјалист за поддршка на апликации

Објавно на: 01/08/2023
Статус: Активен

Клиничката болница „Аџибадем Систина”  има потреба од:

  • Специјалист за поддршка на апликации (1 извршител)

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

Специјалистот за поддршка на апликации врши контрола на функционирањето и одржувањето на постоечките болнички софтверски системи и обезбедува техничка поддршка при користење на истите. Врши надоградба на системите и софтверските пакети со нови верзии и врши тестирање. Изработува упатства, прирачници и процедури.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА

  • Завршено средно образование
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлични комуникациски вештини
  • Способност за превземање иницијатива и мотивираност за надградба на знаењата
  • Висока работна етика
  • Професионален пристап кон работните обврски и превземање одговорност;
  • Почитување на правила и кодекс на работа;
  • Флексибилност;
  • Адаптибилност;
  • Пожелно е работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 1 година.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

  •  Апликациите треба да бидат доставени на e-пошта: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана.
  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

Онлајн апликација за кариера

    Прикачете CV *