fbpx

Медицинска сестра – акушерка (2 извршители)

Оддел: Гинекологија и Акушерство
Објавно на: 01/11/2018
Статус: Активен

Клиничката болница „Аџибадем Систина”  има потреба од:

Медицинска сестра – акушерка (2 извршители)

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

Медицинската сестра – акушерка, како дел од тимот на Клиничката болница

„Аџибадем Систина”, врши континуирана медицинска грижа и акушерска нега на бремена жена, родилка, новороденче и пациентка со гинеколошко заболување.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА

  • Завршено образование за акушерка;
  • Положен државен испит;
  • Одлично познавање англиски јазик (говорење, читање, пишување);
  • Познавање на работа со компјутери;
  • Искуство како акушерка се смета за предност.

ЛИЧЕН ПРОФИЛ

  • Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност;
  • Почитување на правила и кодекс на работа;
  • Почитување на професионална тајна;
  • Внимателност и прецизност при работењето;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Процена на проблеми и решавање проблеми;
  • Флексибилност;
  • Адаптибилност;
  • Висока работна етика

ПОЗИЦИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА

  • Медицинската сестра – акушерка е одговорна пред одговорната сестра на оддел и главната сестра на болницата.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Огласот е отворен 5 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на e-пошта: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана.
  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

Онлајн апликација за кариера

Прикачете CV *

Активни огласи

ПозицијаОдделОбјавно наСтатус
Специјалист за поддршка на апликацииОдделение за поддршка на апликативен софтвер05/12/2018Активен
Оператор во Контакт-центарот на македонски и албански јазикCall Center23/11/2018Активен
Доктор на медицина15/10/2018Активен
Асистент на Менаџментот на Клиничка болница Аџибадем Систина03/10/2018Активен
Градинар05/09/2018Активен
Хигиеничари11/06/2018Активен
Медицинска сестра06/06/2018Активен