fbpx

ЛИЧЕН АСИСТЕНТ НА ДИРЕКТОРОТ НА БОЛНИЦАТА/ЗАМЕНИК НА ГЛАВНИОТ ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР

Објавно на: 20/08/2021
Статус: Активен

Клиничка болница „Аџибадем Систина го проширува својот тим и има потреба од:

 

ЛИЧЕН АСИСТЕНТ НА ДИРЕКТОРОТ НА БОЛНИЦАТА/ЗАМЕНИК НА ГЛАВНИОТ ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР

 Личниот асистент на  директорот на болницата (Hospital director)/заменик на главниот извршен директор е одговорен за организирање на сите административни активности, организирање распореди за состаноци, закажување состаноци и настани, известување за истите, координирање на  директорот со останатите сектори и оддели со цел навремено решавање на дневни административни работи, како и подготовка на извештаи, презентации и преписки.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА

  • Завршено високо образование
  • Познавање на англиски јазик (говорење, читање, пишување)
  • Познавање на турски јазик (говорење, читање, пишување)
  • Познавање на MC Office програмите (Excel, Word);
  • Работно искуство ќе се смета за предност

 

ЛИЧЕН ПРОФИЛ

  • Одлични организациски вештини
  •  Одлични комуникациски вештини
  • Способност за толеранција и трпение
  • Ориентираност кон почитување рокови
  • Флексибилност за индивидуална и тимска работа
  • Високо ниво на доверливост и етика

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Огласот е отворен 5 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на e-пошта: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана.
  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

Онлајн апликација за кариера

Прикачете CV *






Активни огласи

ПозицијаОдделОбјавно наСтатус
Претставник за продажба и маркетинг (Sales Executive)07/07/2021Активен
Хигиеничари23/06/2021Активен