fbpx

Доктор на медицина

Објавно на: 15/10/2018
Статус: Активен

Клиничка болница „Аџибадем Систина”  има потреба од нови млади кадри кои ќе се вклучат во работата на клиничката болница и ќе имаат можност за личен и професионален развој на работно место:

Доктор на медицина

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО 

  • Преглед на пациент (анамнеза и статус); учество во водење медицинска документација при хоспитализирање пациенти и испис од болница (под менторство на ординирачки доктор);
  • Контрола на интерреакции лек-лек и храна-лек при ординирање на терапија;
  • Минорни интервенции – примена на аналгезија и следење;
  • Асистирање при хируршки интервенции;
  • Медицинска поддршка при транспорт на пациенти со амбулантно возило;
  • Други активности во зависност од специфичноста на одделот.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА

  • Завршено високо образование – медицински факултет;
  • Положен стручен испит;
  • Лиценца за работа;
  • Одлично познавање англиски јазик (говорење, читање, пишување);
  • Познавање на работа со компјутери;

ЛИЧЕН ПРОФИЛ

  • Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност;
  • Почитување правила и кодекс на работа;
  • Внимателност и прецизност при работењето;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Способност за преземање иницијатива и мотивираност за постојана едукација/надградба на знаењата;
  • Способност за одредување приоритети во работењето;
  • Процена на проблеми и решавање проблеми;
  • Внимание на детали и точност при обработка на истите;
  • Флексибилност;
  • Адаптибилност;
  • Висока работна етика

ПОЗИЦИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА

  • Доктор на медицина е одговорен пред шеф на оддел.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Огласот е отворен 5 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на e-пошта hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

Онлајн апликација за кариера

Прикачете CV *

Активни огласи

ПозицијаОдделОбјавно наСтатус
Специјалист за поддршка на апликацииОдделение за поддршка на апликативен софтвер05/12/2018Активен
Оператор во Контакт-центарот на македонски и албански јазикCall Center23/11/2018Активен
Медицинска сестра – акушеркаГинекологија и Акушерство01/11/2018Активен
Асистент на Менаџментот на Клиничка болница Аџибадем Систина03/10/2018Активен
Градинар05/09/2018Активен
Хигиеничари11/06/2018Активен
Медицинска сестра06/06/2018Активен