Асистент на Менаџментот на Клиничка болница Аџибадем Систина
Објавно на: 03/10/2018
Статус: Активен
Клиничка болница „Аџибадем Систина” има потреба од нови млади кадри кои ќе се вклучат во работата на раководството на клиничката болница и ќе имаат можност за личен и професионален развој во оваа област, на работно место:
Асистент на Менаџментот на Клиничка болница Аџибадем Систина (1 извршител)
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Организирање и координирање на сите административни активности поврзани со работата на менаџментот на болницата;
- Работење во соработка со целиот тим и одговорност за распоред и координирање на состаноци на менаџментот како и целосна организација на тек на истите (обработка на текст, табеларни пресметки, компјутерски презентации, преводи);
- Обезбедува општа административна и канцелариска поддршка и услуги во согласност со канцелариските правила, процедури и административните системи воспоставени од менаџментот на болницата;
- Дејствува како контакт за внатрешни и надворешни клиенти со Менаџментот на болницата;
- Други активности.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА
- Завршено високо образование;
- Одлично познавање англиски јазик (говорење, читање, пишување);
- Познавање на работа со компјутери;
- Напредно познавање Microsoft Office програми
- Искуство како персонален асистент се смета за предност.
ЛИЧЕН ПРОФИЛ
- Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност;
- Почитување на правила и кодекс на работа;
- Внимателност и прецизност при работењето;
- Одлични комуникациски способности – пишани и вербални;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Способност за одредување приоритети во работењето;
- Процена на проблеми и решавање проблеми;
- Собирање информации и следење на информациите;
- Внимание на детали и точност при обработка на истите;
- Флексибилност;
- Адаптибилност;
- Позитивни ставови и однесувања со подготвеност да се одговори на потребите на менаџментот и клиентите за да се задоволат нивните потреби, барања и очекувања.
- Висока работна етика
ПОЗИЦИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА
- Персоналниот асистент е одговорен пред директорот на болницата.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
- Огласот е отворен 5 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на е-пошта: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
- Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
- Дискреција на кандидатите е загарантирана.
- Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.
Онлајн апликација за кариера
Активни огласи
Позиција | Оддел | Објавно на | Статус |
---|---|---|---|
Супервизор за одржување хигиена | 11/02/2019 | Активен | |
Болничар | 04/02/2019 | Активен | |
Медицинска сестра | 04/02/2019 | Активен | |
Медицинска сестра – акушерка | Гинекологија и Акушерство | 01/02/2019 | Активен |
Преведувач (од албански јазик на македонски јазик и обратно) | 31/01/2019 | Активен | |
Специјалист за социјални медиуми и веб-едитор (со познавање албански јазик) | 31/01/2019 | Активен | |
Административен асистент (со познавање на турски јазик) | 10/01/2019 | Активен | |
Административен асистент (со познавање на албански јазик) | 10/01/2019 | Активен | |
Специјалист за поддршка на апликации | Одделение за поддршка на апликативен софтвер | 05/12/2018 | Активен |
Оператор во Контакт-центарот на македонски и албански јазик | Call Center | 23/11/2018 | Активен |
Доктор на медицина | 15/10/2018 | Активен | |
Градинар | 05/09/2018 | Активен | |
Хигиеничари | 11/06/2018 | Активен |