fbpx

Акушерка во родилна сала

Објавно на: 09/11/2023
Статус: Активен

 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Клиничката болница “Аџибадем Систина”  има потреба од:

 

АКУШЕРКА ВО РОДИЛНА САЛА

 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

 

Акушерката врши прием и следење на здравствената состојба на родилките (витални параметри, ЦТГ запис) и го информира докторот, се грижи за исправноста на апаратите кои се користат во родилна сала, се грижи постојано да има достапни медицински материјали и инструменти за работа во родилна сала, аплицира терапија ординирана од доктор, се грижи за родилката по породувањето и го спроведува трансферот на оддел.

 

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА

 

  • Завршено средно медицинско училиште (гинеколошко-акушерска сестра)
  • Минимум 2 години работно искуство како акушерка во родилна сала
  • Познавање и читање на CTG запис
  • Познавање на медицинските инструменти, апарати или материјали кои се користат во родилна сала
  • Организациски способности
  • Способност за брза реакција
  • Високо ниво на внимателност при работењето
  • Љубезност, трпеливост, флексибилност
  • Способност за тимска и индивидуална работа
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутер

 

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

 

  • Огласот е отворен 5 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на
  • e-пошта: hr@acibademsistina.mk или по пошта на:
  • Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана.
  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

 

Онлајн апликација за кариера

    Прикачете CV *