fbpx

Администратор во Call Center

Објавно на: 26/04/2023
Статус: Активен

Клиничката болница “Аџибадем Систина”  има потреба од:

 

– Администратор во Call Center (1 извршител)

 

-Администраторот во Call Center одговара на повици и e-mail пораки на пациенти по одредени правила и прописи, дефинирани од страна на установата;

-Закажува прегледи и дава комплетни информации во врска со прегледите.

-Администраторот  е во постојана комуникација со одговорни медицински сестри и шефови на оддели во врска со промени во распоредите и соодветно евидентирање на истите.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА

  • Завршено минимум средно образование;
  • Познавање на англиски, турски или албански јазик;
  • Работно искуство како административен службеник ќе се смета за предност;
  • Познавање на медицинска терминологија ќе се смета за предност

 

ЛИЧЕН ПРОФИЛ

 

  • Професионален однос кон работата;
  • Почитување на правила и кодекс на работа;
  • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • Способност за брза реакција;
  • Способност за активно и внимателно слушање;
  • Способност за толеранција и трпение;
  • Способност за прифаќање на различности;
  • Високо ниво на доверливост и етика;
  • Познавање на работа со компјутери.

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

  •  Апликациите треба да бидат доставен на e-пошта:  hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана.
  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

Онлајн апликација за кариера

    Прикачете CV *