fbpx

Административен асистент (со познавање на турски јазик)

Објавно на: 10/01/2019
Статус: Активен

Клиничка болница „Аџибадем Систина”  има потреба од:

 

Административен асистент (со познавање на турски јазик)

 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Организирање и надгледување на сите административни активности на ниво на менаџментот на болницата;
  • Работење во соработка со целиот тим и одговорност за распоред и координирање на состаноци, како и целосна организација на тек на истите (обработка на текст, табеларни пресметки, компјутерски презентации, преводи);
  • Земање белешки и изготвување на записници од состаноци;
  • Обезбедување општа административна и канцелариска поддршка и услуги во согласност со канцелариските правила, процедури и административните системи воспоставени од менаџментот на болницата;
  • Одговорен за примање и подредување испораки и пораки, испраќање факсови, примање повици и управување со датотеки;
  • Одржување контакт-листи и подготовка на деловна коресподенција со обработка на текстови, табеларни пресметки и прикази, преводи и др.;
  • Одговорен е за организација на службени патувања за директорите на болницата;
  • Обезбедување општа поддршка за посетителите во административниот сектор;
  • Дејствува како контакт за внатрешни и надворешни клиенти со менаџментот на болницата;
  • Соработува со другите административни асистенти за да се справи со барања и прашања од менаџментот;
  • Други активности.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА

  • Завршено високо образование;
  • Одлично познавање македонски јазик (говорење, читање, пишување)
  • Одлично познавање турски јазик (говорење, читање, пишување);
  • Познавање на работа со компјутери;
  • Напредно познавање Microsoft Office програми
  • Одлично познавање англиски јазик (говорење, читање, пишување) е предност;
  • Искуство како административен асистент се смета за предност.

ЛИЧЕН ПРОФИЛ

  • Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност;
  • Почитување на правила и кодекс на работа;
  • Внимателност и прецизност при работењето;
  • Одлични комуникациски способности – пишани и вербални;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Способност за одредување приоритети во работењето;
  • Собирање информации и следење на информациите;
  • Флексибилност;
  • Адаптибилност;
  • Позитивни ставови и однесувања со подготвеност да се одговори на менаџментот и клиентите за да се задоволат нивните потреби, барања и очекувања.
  • Висока работна етика

ПОЗИЦИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА

  • Административниот асистент е одговорен пред директор на болница.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Огласот е отворен 5 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на e-пошта: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
  • Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
  • Дискреција на кандидатите е загарантирана.
  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

Онлајн апликација за кариера

Прикачете CV *

Активни огласи

ПозицијаОдделОбјавно наСтатус
Административен асистент (со познавање на албански јазик)10/01/2019Активен
Специјалист за поддршка на апликацииОдделение за поддршка на апликативен софтвер05/12/2018Активен
Оператор во Контакт-центарот на македонски и албански јазикCall Center23/11/2018Активен
Медицинска сестра – акушеркаГинекологија и Акушерство01/11/2018Активен
Доктор на медицина15/10/2018Активен
Асистент на Менаџментот на Клиничка болница Аџибадем Систина03/10/2018Активен
Градинар05/09/2018Активен
Хигиеничари11/06/2018Активен
Медицинска сестра06/06/2018Активен