fbpx

Карачиќ: Се вратив во Скопје поради докторите во „Аџибадем Систина“ – тие се најдобар избор за моето здравје

17.10.2019

Поранешниот среден бек на РК „Вардар“ кој седум години помина играјќи за „црвено-црните“, Игор Карачиќ, повторно се врати во Скопје. Причината за неговото враќање е болката што подолго време ја чувствувал во пределот на градниот кош поради континуираните удари што ги добивал за време на ракометните натпревари. По телефонските консултации со доктор Ивановски од „Аџибадем Систина“, решил да направи кратка пауза од тренинзите и да го реши својот здравствен проблем.

„Во Скопје дојдов специјално за да направам преглед и контрола кај д-р Михајло Ивановски. Во Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ работат  професионалци на кои без размислување им го препуштам моето здравје. Долги години додека играв за Вардар соработував со нив, тие знаат што е најдобро за нас, спортистите, и моето здравје и затоа се вратив тука“ – изјави Карачиќ.

Д-р Михајло Ивановски, специјалист по трауматологија, вели дека по телефонскиот разговор во кој Карачиќ се пожалил на болка, договориле термин и хрватскиот репрезентативец дошол во Скопје на преглед.

„По деталните испитувања, поставивме дијагноза воспаление на второто ребро, местото каде што се припојуваат мускулите, и веднаш почнавме со третман. Денеска е аплицирана првата доза на PRP-третман во пределот на повредата, па се очекува за кратко време значително подобрување кај Карачиќ. За побрза рехабилитација на младиот ракометар, неопходна е и физикална терапија“ – објасни д-р Ивановски.

30-годишниот Карачиќ од оваа сезона игра за полскиот ракометен клуб „Келце“.