fbpx

ИЗВЕСТУВАЊЕ

07.06.2020

AcibademSistina Hospital web

Почитувани наши пациенти и пријатели на „Аџибадем Систина“,

Во изминатите два дена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се направени вкупно 37 PCR тестови на вработени лица – медицински персонал во клиниката кои што според протоколите на светската здравствена организација биле во контакт а тоа се 28 доктори и 9 вработени од средно медицинскиот персонал.  Сите тестирани имале контакт со двајцата доктори вработени во нашата клиника, од кои една е доктор во хистопатолошка лабораторија, а за кои пред два дена известивме дека се позитивни на коронавирусот.

Од сите тестирани доктори и сестри, само една вработена како медицински лаборант во лабораторијата е позитивна и според нејзиниот работен ангажман немала контакт со пациенти.

Тестирањата како и претходно се изведуваат во посебни безбедносни протоколи, а вработените во болницата во секое време ги почитуваат мерките за заштита.

КБ „Аџибадем Систина“ продолжува да работи со полн капацитет според сите безбедносни протоколи кои ги налага Светската здравствена организација и здравствениот гигант „Аџибадем“ од Турција, за заштита на своите вработени и на своите пациенти.