fbpx

Дијагностички лаборатории акредитирани со ISO: 15189

22.12.2015

Дијагностички лаборатории акредитирани со ISO: 15189

Високата стручност и професионалност, обезбедувањето точни резултати и имплементирањето на современи протоколи во работењето на Дијагностички лаборатории резултираше со доделување на акредитацијата ISO:15189. Овој стандард гарантира континуирана контрола на квалитет во медицинските лаборатории. Акредитацијата е доказ дека резултатите и наодите издадени од нашите лаборатории се изработуваат според меѓународно признат стандард и ги исполнуваат највисоките критериуми за квалитет. Со имплементација на овој стандард, резултатите и наодите од Дијагностичките лаборатории се признаени како во нашата земја, така и во секоја држава во светот.

Дијагностичките лаборатории при Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се први и единствени во земјава со истовремено акредитирани хистопатолошки, микробиолошки и биохемиски методи.

[widgetkit id=58]