fbpx

ИСКУСТВО И ПРОМОЦИЈА НА АЏИБАДЕМ СИСТИНА: Д-Р САВЕСКИ НА КОНГРЕС НА ОРТОПЕДИ И ТРАУМАТОЛОЗИ ВО КАНАДА

21.01.2019

Проф. д-р Јордан Савески во периодот од 10 до 13 октомври 2018 година во Монтреал, Канада, го презентираше своето богато работно искуство на 39. Интернационален конгрес на ортопеди и трауматолози SICOT.

International Society of Orthopedic Surgery and Traumatology е значаен меѓународен конгрес и на едно место собра над 3000 учесници од целиот свет, кои ги споделија најновите достигнувања во ортопедската и трауматолошката хирургија, новите оперативни техники и пристапи.

Проф. Савески на овој конгрес беше faculty предавач на три значајни теми, а беше и модератор на една од сесиите. Зборуваше за најчестите повреди на карлицата, зошто тој се одлучува да прави отворена репозиција и интерна фиксација, но и за тешките повреди на екстремитетите во кои хирургот има одговорна и тешка задача да се ослучи дали ќе прави реконтрукција или ќе ампутира. Како последна тема што ја обработи беше искуството околу тоа зошто да не се користи цемент во третманот на остеопоротични фрактури. Неговите теми предизвикаа голем интерес кај учесниците, кои со свои прашања и дискусии придонесоа за актуелизирање на проблемите. Случаите кои беа предмет на неговите презентации во 90% беа лекувани/ излекувани во Аџибадем Систина. Посебен интерес и прашања од учесниците биле насочени кон тоа како е можно такви тешки случаи во доменот на политраумата да се решаават во приватна болница. Тој објаснил дека болницата во која работи е концентрат на знаења и умеења и со помош на мултидициплинарен тим успешно можат да се справат со дијагноза и третман на вакви повреди. Објаснува и дека многу е битно болницата да е опремена со најсофистицирана и модерна опрема која може да даде дијагноза и третман за краток период, како што е Аџибадем Систина.

„За секој доктор е особено важно континуирано учество на меѓународни собири и конгреси каде што се разменуваат знаења и искуства од еминентни доктори  во областа што ја работат,  се претставуваат новитетите и искуствата од работата. Ова е одлична можност да се презентира болницата, како и технологиите, а врз база на добиените сознанија од таму да се имплеменитраат методите во наши услови“ – објаснува д-р Савески.

Во своето богато 50-годишно професионално искуство и експертиза проф. Савески учествувал во повеќе од 100 конгреси, а има и издадено многу научни трудови. Неговото следно претставување како член на светскиот комитет за трауматологија е на конгресот што ќе се одржи на 7 февруари во Jammu, Индија.