fbpx

Исидора Бјелица го сподели своето животно искуство со вработените на „Аџибадем Систина“

17.12.2018

Инспиративната Исидора Бјелица на првата работилница намената за вработените во „Аџибадем Систина“ ги откри 12-те иницијации на љубовта, тајни што овозможуваат полесно да го живеете животот.

Таа преку интересни примери од нејзиното секојдневие, пасијата и доживувањата од многубројните патувања, но и проблемите со кои се соочила во потрагата по лекот за нејзината болест понуди нови хоризонти на гледање на сопствениот живот.

Вработените во болницата можеа и анонимно да постават прашања за проблемите со кои се соочуваат, но и да побараат совет  како полесно да се справат со секојдневните предизвици.

Преку многу падови и искачување, пречки, низа потраги, низ солзи и болка Исидора ги добила „животните лекции“  како да се задржат или да оттргнат нештата во животот.

Во детали објаснуваше која е разликата меѓу  љубовта и врзувањето, како и моќта на позитивните мисли. Писателката сподели и начини како да се ослободиме од секојдневниот стрес  и да научиме како повеќе да се сакаме себеси. Големото живоно искуство Исидора го напиша во својата последна книга „Škola za anđele“. Вработените кои беа дел од  работилницата имаа можност да ја купат со нејзина посвета и потпис.

Ова беше прва бесплатна работилница наменета за вработените во „Аџибадем Систина“ од серијалот „12 иницијации на љубовта“, а во текот на 2019 година се најавуваат продолженија од истиот циклус.