fbpx

Имав 100% затнување на артериите, а денес возам велосипед!

16.11.2018

Заморот, тежината и болката во нозете биле главната причина што 69-годишниот Панајоти од Битола престанал да ужива во секојдневните ритуали, да прошета низ чаршијата, да оди на риболов, да се дружи активно со пријателите како порано. Со затнување од 80% на едната и 100% на артериите на другата, голема била веројатноста да ја загуби едната нога. Но, како што вели и самиот тој, д-р Караѓозов направил вистинско чудо. Еден месец по интервенцијата, Панајоти, познат по маалскиот прекар Ото, се чувствувал одлично, а неговите сограѓани со чудење го гледаат кога секојдневно со неговиот велосипед поминува 4 километри дневно.

Една година живеев со болки и замор

„Долго време, приближно една година, чувствував замор, тежина на нозе, болка, не можев да одам, да се движам, ќе направев околу 20 чекори и толку, не можев повеќе. Кога ќе возев со велосипедот, требаше да застанам да се одморам, па потоа пак да продолжам. Не можев ни 200 метри да испешачам, а да не се уморам и да застанам. Ми беше сомнително, знаев дека нешто не е во ред, не можев да се препознаам. Јас, кој цел живот спортувам, планинарам, сега одеднаш се врзав за фотелјата дома, а кога се влошија симптомите едвај одев и до тоалет. Сопругата ми помагаше да ги завршам неопходните домашни обврски“, вака Панајот објаснува како започнало сè.

Сопругата одлучи да дојдеме на преглед кај д-р Караѓозов

Сопругата на Панајоти, која била и негова најголема поддршка и помош во периодот кога тој не можел да стане од фотелја, загрижена за неговата состојба почнала да бара доктор за да му помогне. „За д-р Митко Караѓозов дознав преку списанието ‘Аџибадем Систина ПЛУС’, имам прочитано многу приказни слични на мојот сопруг кои тој успешно ги има решено. Секогаш сме имале високо мислење за болницата, но услугите почнавме да ги користиме кога ни настанаа проблемите. Инсистирав да дојдеме тука бидејќи го читав списанието и знаев дека доктор Караѓозов е навистина чудо од доктор. Се јавив на телефон и воспоставивме веднаш контакт, дојдовме, и веднаш почна лекувањето“, вели Дона, сопругата на Панајоти

Проблемот со нозете беше сериозен

Знаев дека нешто не е во ред, а тоа ми го потврди и докторот. По прегледот ни објасни дека состојбата е многу тешка. Имав затнување на артериите на двете нозе, и тоа 100% на едната, на другата помалку, околу 80%. Д-р Караѓозов кажа дека треба веднаш да се интервенира, да се направат неколку бајпаси. Тогаш си помислив дека ако дојдев порано, можеби затнувањето ќе беше помало.

 

Постоеше ризик да ја загубам едната нога

Првиот впечаток од прегледот кај д-р Караѓозов беше навистина позитивен. Докторот е толку професионален и со него работи одличен тим, синхронизиран комплетно со неговите барања, а со цел да му се помогне на пациентот. Она што исто така ми се допадна беше искреноста на докторот и тоа што веднаш знаеше да даде решение. Беше искрен и кога кажа дека постои голем ризик да ја изгубам едната нога, онаа со 100% затнување, но дека ќе даде сè од себе интервенцијата да заврши во најдобар ред. Во тој момент ќе излажам ако кажам дека не почувствував голем страв. Помислата дека ќе останам без една нога, дека никогаш нема да можам да возам велосипед, да одам по риба и да пешачам ме остави без здив.

Пет бајпаси

Петте бајпаси беа решението за проблемот на Панајоти. Трите на десната и двата на левата нога сега ја вратија циркулацијата на нозете, која беше речиси целосно оневозможена. „Имав две операции. Операциите поминаа добро, особено првата. Ме пуштаа дома неколку дена по интервенцијата. Втората операција беше порадикална, па кога дојдов на контрола ме задржaа и лежев цел месец за да се стабилизира ногата“, вели Панајоти.

Еден месец по операцијата се качив на велосипед

По престојот во болница, следуваа контроли и преврски на нозете. Докторот и медицинските сестри кои ми ја следеа ногата кажуваа дека со секоја преврска ногата е сè подобра. Подобрување чувствував и јас. Почнав самостојно да се движам, сам да си ги завршувам домашните обврски, се качувам сам по скали. За моја најголема среќа, со мојата упорност и желба да се вратам на старите навики, се качив на велосипед. Кога ми почнаа симптомите на замор и болка во нозете, не можев ни 200 метри да извозам. Сега возам околу 4 км дневно по шеталиштето.

„„Цел живот возам велосипед, планинарам, а одев и на скијање и риболов. Заморот и болките во нозете ме врзаа буквално за кревет. Благодарение на д-р Митко Караѓозов, ми се врати силата, денес сум повторно активен и уживам во животот.

 

Д-р Митко Караѓозов има волшебни раце

Огромна благодарност до доктор Митко Караѓозов и до неговиот тим бидејќи чудото во кое верував се случи. Тој навистина има волшебни раце и го направи невозможното за мене. Да отидев на друго место, можеби ќе останев без нога. Ми се допадна докторот бидејќи е брз и секогаш објаснува, секогаш e насмеан и позитивен, знае да каже некоја шега за да те опушти. Но пред сè е професионалец. Огромна благодарност и до сестра Сашка, прекрасна личност, професионална, пожртвувана и достапна во секое време на телефон, за кога и да ти е потребен совет, консултација… цело време беше достапна. Исто така, сакам да ги пофалам и сестра Тајна и сестра Марика, и тие секогаш беа ведри, расположени, со својот однос му дават волја на пациентот дека сè ќе биде добро. Од сите сум многу задоволен, и болничарите беа добри и позитивни. Сè беше на ниво.