fbpx

Храбро против опасниот вирус

05.01.2021

Бременоста за секоја жена е незаборавен и прекрасен период, но за 36- годишната Ивана Пешевска-Насковиќ била едно од најнеобичните искуства и најголеми предизвици со кои се соочила. Откако со својот сопруг Горан на почетокот на јануари се израдувале на позитивниот тест за бременост, нејзината прва бременост, по три месеци Ивана добила уште еден позитивен тест, но овој пат на Ковид-19, по што започнала најнеизвесната и непредвидлива
борба за здрава и уредна бременост, истовремено храбро спротивставувајќи му се на опасниот вирус. Ивана е меѓу првите трудници кои заболеле од Ковид-19, но во борбата не била сама, најголема и најсилна поддршка добила од нејзиниот долгогодишен гинеколог д-р Елизабета Матевска-Атанасовска од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на која ѝ ја доверила бременоста уште од првиот ден.
„Д-р Матевска е мојот долгогодишен гинеколог, безрезервно ѝ верувам и уште на самиот почеток од моментот на добивањето на прекрасната вест бев сигурна во мојата одлука, бременоста и процесот на породување да ги водам кај неа“, вели Ивана.

storija matevska

Д-р Матевска-Атанасовска, пак, вели дека бременоста се одвивала со одличен тек, од самиот старт се направени сите редовни контролни прегледи и задолжителни скрининзи сè до моментот кога при крајот на месец април Ивана добила позитивен резултат на тестот за Ковид-19. Оттука почнуваат и стравовите, бременост во време на прогласена пандемија од коронавирус. Со долгогодишно искуство во својата дејност Др. Матевска- Атанасовска вели дека уште од самиот почеток на бременост ги советува пациентките да се грижат повеќе за себе, да си посветат повеќе внимание.

„Секогаш ги советувам моите пациентки, особено во сезона на грип, да обрнат повеќе внимание и грижа за себе, да внимаваат да не заболат и да не покачат телесна температура, бидејќи како последица на висока температура лесно може да настане уништување на срцева акција и други аномалии во развојот на плодот во првите три месеци. Во конкретниов случај со бременоста на Ивана во 15- 16 недела или почеток на второто тромесечје имаше помал ризик врз развојот на плодот. Ивана е мајка херој, покрај сите случувања, цврсто го преброди целиот тој период, го победи коронавирусот и на свет го донесе Игнати“, вели д-р Матевска.

ХРАБРАТА ИВАНА 10 ДЕНА СЕ БОРЕЛА ЗА КИСЛОРОД ЗА НЕА И НЕЈЗИНОТО БЕБЕ

Поради зголемување на симптомите и влошување на состојба на Ивана ѝ бил потребен третман во болнички услови и била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести, бидејќи во тој период во болницата „Аџибадем Систина“ не се третираа пациенти заболени од Ковид-19. Ивана се навраќа на тие мигови, вели дека имала отежнато дишење, а имала потреба и од кислородна поддршка. „На Клиниката за инфективни болести бев хоспитализирана 14 дена, од кои 10 дена бев на кислородна поддршка. На двете белодробни крила имав наод и отежнато дишење и ниска кислородна сатурација. Речиси 4- 5 дена за време периодот додека бев хоспитализирана, кога ми се влошија симптомите, бев отсутна, да речам неконтактибилна. На некои моменти се сеќавам како низ магла“, вели Ивана, раскажувајќи го своето искуство со коронавирусот. По 14 дена и подобрување на општата состојба Ивана била отпуштена од Клиниката за инфективни болести и, за среќа, за време на периодот на хоспитализација немало никакви компликации во развојот на нејзината бременост.

storija matevska

„Веднаш по напуштањето на клиниката, • Вршете редовни контроли стапив во контакт со д-р Матевска, решивме да почекаме да се смират симптомите, да помине време и да направам тест за Ковид-19 со цел да можам безгрижно да ги правам редовните контроли. Откако се тестирав двапати и добив два негативни резултати мојата прва контрола беше во ‘Аџибадем Систина’ за да го направам важниот задолжителен скрининг во бременост во кој се откриваат сите малформации и аномалии кај плодот“, вели Ивана.

Иако поради состојбата со коронавирусот, направен со задоцнување во 24-та недела од бременоста, скринингот покажал уреден наод и Ивана понатаму продолжила со редовните месечни контроли во „Аџибадем Систина“. При крај на бременоста поради појавените знаци на EPH гестоза во интерес на мајката и плодот, индицирано е завршување на бременоста на Ивана. Заради акушерска индикација, бременоста на Ивана е завршена со царски рез во спинална анестезија.

ПОКАЧЕНАТА ТЕЛЕСНА ТЕМПЕРАТУРА САМА ПО СЕБЕ МОЖЕ ДА ПРЕТСТАВУВА РИЗИК ВО БРЕМЕНОСТ

Следете ги овие неколку совети и препораки од д-р Матевска-Атанасовска за првото тромесечје од бременоста до 13. гестациска недела.

-Обидете се сами да изберете кој вид храна и која количина ви одговара. Изберете храна која не ви предизвикува проблеми во процесот на дигестија. Консумирајте здрава и разновидна храна, внесувајте повеќе течности, земајте витамини C, D3, Mg и фолна киселина.

-Практикувајте физичка активност умерено и рационално. Може да практикувате пливање, јога или, пак, пешачење на чист воздух.

– Избегнувајте затворен простор, групирање на луѓе со цел намалување на ризикот од пренесување на вирус бидејќи зголемената телесна температура сама по себе претставува ризик за бебето во првите 13 гестациски недели.

  • Дозволете си доволно сон
  • Изложувајте се на помалку стрес
  • Вршете редовни контроли