Daily Dose of Health  

 

Регистрирајте се за да ги добивате најновите информации за здравјето од нашиот стручен тим  {module AcyMailing Module}

Пребарај

{source}

<ins data-revive-zoneid="3" data-revive-id="aab1e163cf5d58ba4ddf49d12cf733c3"></ins><script async src="//ads.acibademsistina.mk/www/delivery/asyncjs.php"></script>

{/source}

{source}
<ins data-revive-zoneid="2" data-revive-id="aab1e163cf5d58ba4ddf49d12cf733c3"></ins>
<script async src="//ads.acibademsistina.mk/www/delivery/asyncjs.php"></script>{/source}

Барем еднаш во животот сте ја изговориле или, пак, сте ја слушнале реченицата „Постојано сум многу уморен“. Но, многумина и не знаат што точно значи, и дека зад оваа реченица како причина стојат одредени заболувања. Проф. д–р Чедомир Димитровски, ендокринолог, објаснува дека синдромот на хроничен замор претставува група симптоми кои го отежнуваат секојдневното функционирање на индивидуата.

Register to read more...

Летната жега и тропските температури може да предизвикаат сериозни тегоби кај потполно здравите лица. Сончаницата и топлотниот удар се главните непријатели во летото. За 10-15 дена додека сме на море и додека се трудиме што повеќе да уживаме во убавините на морето, езерото или реките не знаеме колку нашиот организам е подготвен да го прифати сето тоа? Што треба да направиме доколку претераме со изложување на сонце? - одговор на ова прашање ни даде д-р Татјана Чепреганова-Чанговска, специјалист по неврологија.

Register to read more...

Одделот за интензивна нега е еден од најважните сегменти во една современа и голема болница како што е Клиничката болница „Аџибадем Систина“. На Одделот за интензивна нега се третираат пациенти кои имаат болести, повреди или компликации кои се опасни по нивниот живот. Оваа специфично организирана единица е екипирана со специјален тим на високо обучени и диференцирани професионалци кои постојано, 24/7, го следат пациентот и во секој момент се подготвени да го спасат животот на критично болниот.

Register to read more...

Најчесто од навика, но и кога се под стрес луѓето пушат со надеж дека цигарата ќе ги смири или опушти. Со текот на времето кај луѓето се создава навика од никотин и едноставно не можат без цигари. И најсилните карактери попуштаат пред ова мало задоволство поради кое страда најбитната работа во животот – нашето здравје! Пушењето во моментов  е водечка смртна закана која покрива дури 25 проценти од вкупниот број на смртни случаи. Оваа лоша навика влијае фатално врз секој орган од човековото тело и предизвикува многу болести. Дознајте ги штетни последици ги предизвикува пушењето, но и придобивките кои ќе ги почувствувате доколку се откажете од оваа лоша навика.

Register to read more...

Во следните неколку дена територијата на Македонија ќе биде зафатена од екстремно топол бран, а температурите ќе достигнат и над 35 степени. Докторите советуваат да не се излегува на отворено од 10 до 17 часот, да се пијат големи количини течности, да се внимава во исхраната, како и со облеката, која треба да биде лесна и во светли бои. Прочитајте ги нашите совети како да се справите со летните горештини.

Register to read more...

Иако навидум изгледа засрамувачки, разговорот на тема секс и сексуалност мора да биде целосно искрен за родителот да  ја стекне довербата на детето и да биде негова потпора во сите чувствителни моменти во иднина. Ако низ разговор родителот создаде другарски однос, детето сите одговори ќе ги бара од него и сите грижи ќе ги сподели со него. На тој начин родителот во секој момент ќе знае што се случува со сопственото дете, со неговото физичко, емотивно и сексуално здравје. И само на тој начин секогаш ќе биде покрај него без оглед на возраста и големината на проблемот.

Register to read more...

Болката во градите, губењето воздух, повредите во пределот на главата и честото повраќање се само дел од симптомите за кои е неопходно да се консултирате со вашиот доктор. Тој ќе ги направи сите потребни испитувања и ќе одлучи дали ситуацијата е сериозна и ви е потребен третман. Во продолжение дознајте кои се најчестите симптоми за кои ви е неопходен преглед од доктор.

Register to read more...

Наближувањето на летото буди пријатни чувства асоцирани со долгите сончеви денови, релаксираност, море, плажа, пријатни мигови поминати на отворен простор. На летото и водата најмногу се радуваат најмладите, а родителите се соочуваат со многу прашања во врска со сончањето. Дали и колку е безбедно изложување на малечките на сонце? За овие прашања побаравме одговор од доктор Симонида Спасевска – педијатар во „Аџибадем Систина“.

Register to read more...

Помните ли кога вашите баби и дедовци се жалеа на главоболка, болки во коските и зглобовите поради промена на времето? Денеска речиси сите реагираме на неповолните временски влијанија. Сведоци сме на нагли климатски промени кога температурата во текот на едно деноноќие се менува за 15 - 20 степени. Пролетта и есента траат неколку денови, или воопшто ги нема, па од зима директно влетуваме во лето и обратно. Експертите предупредуваат дека осетливоста на временските промени може да стане најчеста болест на модерното опшество. 

Register to read more...

Одделот за неонатална интензивна нега во „Аџибадем Систина” е исправен пред најголемите и најсуптилни предизвици во медицината да се спасат животите на критично болните новороденчиња, но и на најмалите предвремено родени деца. За успешното работење на единствениот оддел од ваков тип во приватните болници во земјава и регионот разговаравме со д-р Душко Фидановски, шеф на Одделот педијатрија во Клиничката болница „Аџибадем Систина”.

Register to read more...

Современиот начин на живот наметна секој човек барем еднаш во животот да се соочи со состојбата на нерегулиран крвен притисок. Без оглед дали станува збор за висок или низок крвен притисок, состојбата не треба да се занемарува туку да се консултира лекар.Кога крвниот притисок е превисок може да предизвика оштетување на крвните садови. Eднакво опасна состој­ба е и нискиот притисок, кога недоволна количина крв доаѓа до органите. Крвниот притисок може да варира во краток временски период во одредени вредности, а варијацијата зависи од положбата на телото, бројот на вдишувања и издишувања, физичката активност, психичкиот замор, стресот. Кога се мери крвниот притисок всушност мериме две вредности, систола – притисокот кој го генерира срцето кога ја испумпува крвта во крвните садови и дијастола – притисокот во крвните садови меѓу две срцеви отчукувања. 

Register to read more...