Daily Dose of Health  

 

Регистрирајте се за да ги добивате најновите информации за здравјето од нашиот стручен тим  

Пребарај

Што се тикови, кога се јавуваат и како се делат?

Тиковите се ненадејни, повторувачки и ненамерни моторни движења на ист мускул или на група мускули, односно повторувачки вокални симптоми. Овие движења и вокализации се начин на ослободување од одредена внатрешна емоционална напнатост. Детето може на кратко да го супримира тикот, но тоа резултира со непријатност што се надминува со изведување на тикот. Моторните тикови се делат на: едноставни и сложени. Едноставните опфаќаат едноставни движења – трепкање, шмркање, подигање на рамениците, додека сложените или комплексните се состојат од серија моторни движења секогаш со ист редослед – на пример детето удира со едната нога, па потоа со другата нога, па потоа подрипнува. Во однос на времетраењето се делат на: транзиторни или минливи; хронични и Туретов синдром.

 


Најди доктор Закажи преглед Контакт

Вашите коментари се од голема важност за нас.. Приложените текстови не заменуваат стручно мислење. За детални информации за вашето здравје потребна е консултација со доктор. За информации за услугите на Аџибадем Систина, ве молиме пополнета ја нашата WebMail форма.