Daily Dose of Health  

 

Регистрирајте се за да ги добивате најновите информации за здравјето од нашиот стручен тим  {module AcyMailing Module}

Пребарај

{source}
<ins data-revive-zoneid="2" data-revive-id="aab1e163cf5d58ba4ddf49d12cf733c3"></ins>
<script async src="//ads.acibademsistina.mk/www/delivery/asyncjs.php"></script>{/source}

Благодарение на асистираната репродукција, до сега во светот се родени околу три и пол милиони бебиња. Од 1978 година, кога е направено првото ин витро оплодување и е родена Лујза Браун, до денеска е очигледен огромен напредок на овие техники. Асистираната репродукција се дефинира како „спојување на јајце клетка и сперматозоид со наjдобар квалитет и трансфер на најдобриот ембрион во матката на жената.“ Изборот на ембрион и негов трансфер во матката е процедура која бара добар тим и тимска работа. Д-р Слободан Лазаревски, шеф на Одделот за асистирана репродукција, во продолжение ги објаснува 5-те методи и фактори кои ги зголемуваат шансите за успешно ин витро.

Register to read more...

На светско ниво предвремено родени се околу 10% од бебињата, или од десет деца едно се раѓа предвреме. Предвремено породување значи секое породување што настанало пред комплетна 37. гестациска недела. Процентот на недоносени деца постојано расте, ако пред 10 – 15 години беше околу 7-8%, сега статистиката достигна и до 10%. Стручните лица велат дека на ниво на Македонија тој процент е повисок, околу 12%. Причините за предвремено породување се делат во две групи: причини од страната на мајката и причини од страна на децата.

Register to read more...

Уште со првите гинеколошки прегледи кај младите девојки треба да се прави и функционална проценка на резервите на јајниците, препорачува доктор Слободан Лазаревски, шеф на Одделот за асистирана репродукција „Мала Богородица“ во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, најуспешниот центар за ин­ витро во регионот. Неколку илјади нови бебиња создаде тимот доктори од Одделот за асистирана репродукција „Мала Богородица“ при клиничката болница „Аџибадем Систина“. Тие донесоа среќа во семејства низ целиот свет, на родители кои успеале уште од прв обид за ин­ витро, но и кај такви чија упорност ги терала одново и одново да се обидуваат додека не добијат бебе. Статистиката на Одделот за ин витро фертилизација (ИВФ) повеќе од една деценија е еднаква со светскиот просек ­ - над од 12.000 циклуси, 4.500 живородени деца и клиничка бременост над 55 отсто.

Register to read more...

Неконтролираната астма во периодот на бременост може да доведе до намалување на протокот на кислород до плодот, ризик од раѓање бебе со мала телесна тежина и забавен раст. Кај мајката може да доведе до прееклампсија, проблеми со плацентата и покачен крвен притисок. Астмата е проблем со кој се среќава голем број од популацијата, вклу­чувајќи ги и трудниците.

Register to read more...

Неонатален итен транспортен сервис (НИТС) е специјализиран санитетски транспорт од еден до друг медицински центар на критично болни новородени. За негово успешно спроведување неопходна е соодветна опрема, специјално санитетско возило и едуциран медицински тим. 

Register to read more...

Инфекциите кои се појавуваат во бременоста можат да поминат незабележано, но можат и да направат оштетувања како на плодот така и на здравјето на идната мајка. За тоа потребно е  навреме да се дијагностицираат и лекуваат. Ако не се лекуваат може да доведат до спонтан абортус, предвремено породување, инфекции и сепса кај плодот или да доведат до   нарушување во развојот на органите и сетилата кај плодот и да дадат конгенитални аномалии. Според д-р Јорданчо Иванов, гинеколог акушер во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, промените кои настануваат во организмот на мајката, како хормонални така и физички, се причина за зачестено јавување на некои инфекции.

Register to read more...

Со пристигнување на новороденчето, доаѓаат денови исполнети со измешани чувства на љубов, грижа и посветеност. Сакате да биде се во најдобар ред со вашето малечко, па минувате часови гледајќи го и анализирајќи го секој негов детаљ. Во продолжение ви даваме совети како да направите разлика меѓу она што е нормално а што е причина за загриженост.

Register to read more...

Појавата на акни е еден од најчестите проблеми со кожата во текот на бременоста. Најновите студии покажуваат дека речиси секоја втора трудница има проблеми со акни на лицето од различен степен, а понекогаш тие може да направат и лузни на лицето. За среќа, современата медицина нуди можности за решавање на овој проблем

Register to read more...

Имплантациското  крвавење е појава на мали точкасти крвавења кое се јавува помеѓу 6. и 12. ден од концепцијата (зачнување). Тоа е еден од раните симптоми на бременост. Доколку забележите ситни црвени точки на долната облека, не вознемирувајте се бидејќи не е опасно и не е потребен никаков третман.

Register to read more...

Зaмрзнувањето на јајце клетки  е релативно нова постапка во областа на асистираните репродуктивни технологии. Јајце клетките имаат поголем волумен на вода споредено со ембрионите. Поголемата застапеност на водата во јајце клетките го зголемува формирањето на интерклеточни кристали во текот на процесот на замрзнување, што предизвикува дегенерација. Со помош на  витрификација на јајце клетките се редуцира појавата на кристали, се подобрува процесот на замрзнување и одмрзнување, што финално влијае на степенот на бременост.

Register to read more...

Плачењето е дел од нормалниот развој на доенчето во првите три месеци од животот.Сепак, многу е важно да се разграничи нормалниот плач од плачот предизвикан од болест – на пример од инфекција, алергија на протеини на кравјо млеко или хируршки проблем. Екстремно плачливо бебе предизвикува чувство на разочарување и беспомошност во семејството.

Register to read more...