Тренд, каприц или зависност тивкиот убиец, не само што предизвикува штета на оние кои директно го консумираат туку и на оние кои случајно или неслучајно се нашле во близина на пушач. Митот за пасивното пушење сепак е повеќе од мит. „Долготрајната изложеност на чад од цигари го зголемува ризикот од појава на карцином на белите дробови, па така непушач кој живее со пушач има 20-30% повеќе шанси да заболи од овој карцином. Пасивното пушење неповолно влијае на срцето и го зголемува ризикот од појава на коронарна срцева болест за 25-40%. Штетноста на чадот од цигарите произлегува од тоа што тој содржи 7000 хемиски соединенија, a 69 од нив се докажани канцерогени соединенија" вели д-р Оливер Јовковски, специјалист по пулмоалергологија во Клиничката болница „Аџибадем Систина".
Карциномот на бели дробови е водечки карцином според бројот на смртни случаи. Причина е доцната дијагноза. Скринингот, кој е редовна пракса во повеќе земји, е најдобар начин за навремена дијагноза. Откривањето во почетен стадиум значително ги зголемува шансите за излекување. Во продолжение проф. д-р Зоран Трајковски, радиолог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, објаснува повеќе за скрининг програмата за овој вид канцер.
Алергиските заболувања и во Македонија добиваат размери на епидемија, а во Европа, на пример, секој втор човек има некој облик на алергија. Експертите алармираат дека до 2021 година речиси секој, и тоа уште од раѓање, ќе има проблеми со алергија. Според д-р Kамелија Бушљетиќ, пулмоалерголог во Kлиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје, алергиите се зголемуваат и поради современиот начин на живот.
Алергиските болести се во постојан пораст, особено во високоразвиените земји. Се смета дека секој втор жител на Европа има некоја алергиска манифестација, а најчесто (15 - 30% од случаите) тоа е алергиски ринит. Д-р Александар Лазаревски, оториноларинголог во Клиничката болница „Аџибадем Систина” објаснува дека алергискиот ринит е хронично воспаление на носната лигавица, кое се манифестира со симптоми слични на настинка како назална секреција. Назална конгестија, кивање и чувство на тежина во синусите. Ваквите симптоми се предизвикани од алергиска реакција на алергени како полените, домашниот прав, животинските влакна и сл. Кај дел од пациентите симптомите се присутни во тек на целата година, додека кај други состојбата се влошува во одредени периоди од годината (пролет, есен).
Горнореспираторните инфекции (ГРИ) се најчестата причина поради која пациентите се јавуваат кај својот матичен доктор. Истовремено се и најчестата причина за отсуство од училиште или работа. Горните делови на респираторниот систем ги вклучуваат следните органи: носните канали, ждрелото, крајниците, синусите и горните делови од дишната туба.
Алергиите се сè повеќе присутни во детската возраст, а родителите секогаш сакаат да го направат најдоброто за своите деца. Познавајќи ги симптомите на алергија и работите кои ја поттикнуваат, вие веќе добро знаете како да постапите кога се дома или на прошетка. Но, како да му помогнете на детето додека е на училиште ?
Информирајте ги наставниците за алергијата
Од голема важност е да ги информирате и наставниците за здравствената состојба на вашето дете со цел да го следат и да ве известат доколку симптомите се интензивираат во текот на денот.
Д-р Јовковски од „Аџибадем Систина“ советува за загадувањето
Најдобро е да се дише преку нос, бидејќи слузницата на носот има многу влакненца, кои ги задржуваат најголемите честички, влажноста на слузницата ги лепи и ги задржува. Маските што се многу популарни во последно време и кои се широко достапни не се многу практични, бидејќи не нудат никаква заштита
Доколку се избегнуваат причините што ја предизвикуваат, астмата може да биде ставена под контрола и да се овозможи нормална работа на дишните патишта. Астма имаат и мегапопулрните спортисти Дејвид Бекам и Новак Ѓоковиќ, но овој здравствен проблем никогаш не влијаел врз нивните игри и успеси.
Зголемен е бројот на пациентите што се жалат на симптоми на алергија, а главниот „виновник" за тоа токму во овој период од годината е амброзијата, еден од најсилните поленски алергени, чие цутење сега е во полн ек. Овој коров „напаѓа" и лица што претходно воопшто не биле алергични на него, а може да предизвика силни алергиски реакции, дури и анафилактичен шок. За да се ослободиме од поленските зрна на амброзијата, треба да се измијат лицето, рацете и косата, а облеката веднаш да се соблече и испере, предупредуваат лекарите.
Tестовите за алергија се користат во дијагностицирање на некои алергиски заболувања со цел откривање на преосетливост на поедини алергени. Во однос на анамнестичките податоци и клиничката слика педијатарот гo одредува видот на тестовите за алергија кои се индицирани за состојбата на вашето дете.
Во светот околу 5 проценти од возрасната популација и 12 проценти од децата имаат астма. Статистиките велат дека кај околу 95 проценти од лицата заболени од астма првите симптоми им се јавиле пред 45 - та година од животот.