fbpx

Со еден чекор до бујна коса

22.08.2014

fuemetoda

 

Револуционерната FUE метода е златен стандард во светот за решавање на проблемот со ќелавоста. Оваа интервенција за трајно излекување на ќелавоста  за прв пат во земјава е направена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

 

 

Што е FUE?

Се работи за минимално инванзивна хируршка интервенција со која за многу кратко време засекогаш ќе го решите проблемот со губење на коса. За разлика од другите методи за трансплантација на  коса, каде е потребно трансплантирање на цел резен, со оваа метода се користат само влакна од пациентот од пределот на тилот кои се префрлуваат на “ќелавите” делови. Овие влакна никогаш не паѓаат, заради тоа што немаат на површината рецептори за кои се врзува машкиот полов хормон тестостерон, кој е одговорен за испаѓањето на косата, затоа и успехот е голем.  

Како се изведува постапката?

Постапката се изведува со помош на посебен апарат, со кој најпрецизно се земаат влакна од тилот на главата, без лузни и оштетување на околните корени, што е од голема предност во однос на другите техники. Се изведува во локална анестезија и целосно е безболна. Се земаат поединечните фоликули од регијата каде има коса и со помош на специјална пинцета се трансплантираат на местата каде таа недостасува. 

Влакно по влакно – природен изглед

Оваа метода има многу предности и е многу популарна бидејќи косата трансплантирана на ќелавите делови ја има истата боја и природен изглед како и останатата. Воопшто не е болна и се изведува за само 4-5 часа, а потоа веднаш си се враќате на секојдневните обврски. По трансплантацијата не остануваат резови, не носите завои ниту пак вадите конци. Постапката се изведува многу прецизно со што  трајно се решава овој проблем. Пресадената коса потоа расте за период од шест месеци, а потоа се заменува со нови влакна, кои ќе се обновуваат  како и сите останати влакна во период од секои 2-4 години, што е природен  циклус на раст на влакната, а предноста е што таа не може пак да почне да опаѓа.

Кој е идеален пациент за оваа постапка?

Најчесто за изведување на оваа постапка се решаваат мажите кои имаат проблем со ќелавоста, но во последно време интерес пројавуваат и жените. FUE методата може да се применува кај сите пациенти над  18-годишна возраст, и практично нема горна граница на возраста до која може да се извршува. Идеална возраст е од 25-35 години, поради карактеристиките на влакното.

Пред и по трансплантација

Пред изведување на постапката потребна е консултација со докторот за да се направи план за трансплантација и да се лоцира местото од каде ќе се земаат и засадуваат фоликулите. По трансплантацијата треба да се внимава на главата, да не дојде до несакани удари во овој предел, да не се применува груба масажа на пренесените влакна и една недела треба да се избегнуваат  спортски активности. 

Во Одделот за дерматологија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во тек е 30% попуст за трансплантација на коса со револуционерната FUE метода. Можете веднаш да закажете бесплатен преглед и консултација!