fbpx

ФК „Шкупи“ со јавно извинување до „Аџибадем Систина“

15.06.2020

Фудбалскиот клуб „Шкупи“ јавно ѝ се извинува на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ за, како што велат, направената грешка објавена деновиве во медиумите. Од фудбалскиот клуб потенцираат дека во ниеден момент не сакале да ја оцрнат или оценат работата на болницата „Аџибадем Систина“, која, како што наведуваат, ја сметаат за професионална болница со која клубот пред неколку години имаше успешна соработка.

Во прилог го објавуваме јавното извинување на ФК „Шкупи“ кон Клиничката болница „Аџибадем Систина“ објавено на официјалната веб-страница на клубот.

ФК „Шкупи“ со јавно извинување до „ Аџибадем Систина“

Екипата на ФК „Шкупи“, како клуб со долга историја во нашата земја, е еден од најорганизираните клубови и во последниве години својата работа ја продолжи во секоја област со цел професионализирање на своите структури и своето работење.

Пред неколку дена во медиумите беше објавен текст во кој стои дека нашата екипа се спротивставила да ги направи тестовите за Ковид-19 во болницата „Аџибадем Систина“, која ние како клуб ја цениме многу поради професионалната работа што ја врши, а потврда за тоа е што дека пред неколку години беше една од болниците со кои нашиот клуб имаше соработка и во која се извршуваа сите третмани на фудбалерите.

Во овој случај, ние како клуб во ниту еден момент не сакавме да ја оцрниме или оценуваме работата на оваа болница, потенциравме дека тестирањата ги закажавме во државна болница.

По овој повод јавно ѝ се извинуваме на болницата „Аџибадем Систина“ за направената грешката во објавениот текст на 1 јуни 2020.