fbpx

ЕКСКЛУЗИВНО: Како изгледа новиот ковид центар во поранешната болница „Мала Богородица“, дозвола за работа се уште нема

30.11.2020

Објектот на поранешната болница „Мала Богородица“ е во финална фаза на опремување и адаптирање во ковид-центар и секој момент очекува да ги прими првите пациенти. Ваков чекор беше преземен по прогласувањето на кризната состојба, а на иницијатива на Министерството за здравство и министерот Венко Филипче по што беше одржана средба со претставници на трите приватни клиники во земјава.

Kovid centar

-На барањето да се најде решение за дополнителни капацитети со овозможени услови, кадар, опрема и лекови за згрижување и лекување поголем број пациенти со Ковид -19, клиниките одговорија позитивно. На разговорите кои се одржаа беше прифатен предлогот на „Аџибадем Систина“ токму објектот на поранешната болница „Мала Богородица“ да се користи како нов ковид-центар. По постигнатиот устен договор од министерот за здравство, „Аџибадем Систина“ веднаш почна  да го опремува овој капацитет и да го адаптира објектот во ковид-центар, на сопствен трошок, соопштуваат за Фактор од „Аџибадем Систина“.

 

Kovid centar Kovid centar

-Се очекува Министерството за здравство да издаде дозвола на трите приватни болници да можат да го користат објектот како ковид-центар. Според договореното на средбите, Министерството за здравство ќе координира која од приватните болници како и со колку ќе учествува во трошокот на овој капацитет (кој е десеткратно поголем од ветениот надомест од ФЗОМ). Се очекува издавање на дозволата за станица за довод на кислород, кој е неопходен за третман на ковид-пациентите. Го очекуваме договорениот предлог на Министерството кои се двајцата доктори кои медицински ќе управуваат со овој ковид-центар и финално се очекува Фондот за здравствено осигурување да го понуди договорот за соработка, потенцираат за Фактор од „Аџибадем Систина“.

Kovid centar

По исполнување на овие договорени меѓусебни обврски и по проценката на Министерството за здравство дека им се потребни дополнителни капацитети, како што посочиваат од оваа приватна здравствена институција, „Аџибадем Систина“ е подготвена за неполни 24 часа да прими пациенти во објектот.

Kovid centar

 

извор – Фактор