fbpx

Едукацијата и практичен тренинг за Кардиопулмонална реанимација

21.05.2021

Од почетокот на пандемијата со коронавирус Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги искористи сите свои ресурси за дополнителна едукација и реедукација на сите вработени, за да можат сите медицински тимови што поуспешно да се изборат со итните состојби кои бараат брзина, стручност и ефикасност. Една од највиталните обуки е едукацијата и практичниот тренинг за кардиопулмонална реанимација. Тимот за едукација раководен од мед. сестра за едукации и тренинзи Андроники Бибовска, шефот на Општата интензивна нега д-р Никола Шиков и одговорната сестра на Одделот за општа интензивна нега Магдалена Митевска одржаа дводневен тренинг за кардиопулмонална реанимација наменет за помладите доктори од Одделението за инфективни болести, но и за студентите од Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип. Обуката заврши со одличен успех, почитувајќи ги сите мерки и протоколи за безбедност. Високите стандарди за работа во КБАС налагаат овие обуки да се повторуваат најмалку секои 2 години, со цел повторување на знаењата и надоградба со нови надополнети податоци за да би се зголемила безбедноста на пациентите, вработените и посетителите.