fbpx

ЕДУКАТИВНА ПОСЕТА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

27.03.2024
poseta

Во едукативна посета на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беа средношколците од СМУГС “Д-р Панче Караѓозов“ и нивните гости од “Курт Николин гимназиум“ од Шведска, кои се дел од Еразмус-проектот.
За време на посетата, учениците имаа можност да се запознаат со работата во болницата, современата технологија и персоналот. Идните медицинари ги посетија и се запознаа со работата на ургентниот центар за деца и возрасни, амбулантските одделенија и стационарите во болницата и беа воодушевени од нивната работа, технологијата со која располага болницата и стандардите на работа.