fbpx

Дознајте ја вистинската причина за алергија

03.10.2018

Прецизни алерго-тестови во лабораторијата на „Аџибадем Систина“

Во „Аџибадем Систина“ достапен е широк спектар на тестови за детекција на алергија на храна, лекови, инхалаторни алергени, домашен прав, полен, домашни миленици, мувли кај деца и возрасни. Тестовите се едноставни, брзи и прецизни, достапни за секоја возраст.

Алергиските болести се во постојан пораст, особено во високо развиените земји. Се смета дека секој втор жител на Европа има некоја алергиска манифестација. Честопати промените на телото како резултат на алергиска реакција ги занемаруваме или ги препишуваме на друга состојба. Симптомите на алергија може сериозно да го наруши вашето здравје и квалитет на живот, особено доколку не се дијагностицира и третира.

Во лабораторијата на „Аџибадем Систина“ достапни се широк спектар тестови за детекција на алергија. Тестовите се изведуваат на автоматизирани биохемиски анализатори кои овозможуваат висока прецизност и точност во резултатите.

Како да се упатите за да го направите тестот?

За да направите тест за детекција на алергија, потребно е директно да се упатите во лабораторијата на  „Аџибадем Систина“.

Детекција на специфични антитела при алергиски реакции

Тестовите за алергија преку земена крв откриваат дали сте алергични на одредена состојка преку детекција на специфични IgE антитела присутни во примерокот. Во „Аџибадем Систина“ достапен е широк спектар  тестови за детекција на алергија на храна, лекови, инхалаторни алергени, домашен прав, полен, домашни миленици, мувли како кај деца така и возрасни.

Прецизни резултати

Тестовите се едноставни и брзи, а резултатот што го добивате упатува на точниот причинител за алергија. Накратко, по добиениот резултат ќе знаете дали причината за вашите симптоми е алергиска реакција.

Соработка со најсофистицирана лабораторија во Југоисточна Европа

Работата и квалитетот на лабораториите се под стручен надзор на Acibadem Labmed, лабораторијата на здравствената групација „Аџибадем“. На тој начин, нашите лаборатории гарантираат висок квалитет, прецизни резултати и унифициран пристап во работата по примерот на најдобрата лабораторија во Југоисточна Европа. Ваквата соработка, исто така, овозможува пациентите во „Аџибадем Систина“ да ги добијат најспецифичните и ретки анализи без да патуваат надвор од државата.