ДОЦ. Д-Р МИТКО ИВАНОВСКИ СО СТРУЧНО-ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ НА ТЕМА „ДИЈАГНОЗА, ПРЕВЕНЦИЈА И ТРЕТМАН НА СИДЕРОПЕНИЧНА АНЕМИЈА ВО БРЕМЕНОСТ“
26.10.2022
Во организација на Innotech на 17 септември се одржа симпозиум на тема „Нова перспектива при грижа за здравјето на жените“, на кој зеде учество нашиот еминентен доктор, доц. д-р Митко Ивановски. Тема на стручното излагање на д-р Ивановски беше: „Дијагноза, превенција и третман на сидеропенична анемија во бременост“.

На симпозиумот зедоа учество над 40 доктори од земјава, кои преку своите предавања и дебати активно се вклучија во темите обработени на настанот.

Доц. д-р Ивановски во своето 25-годишно работно искуство има учествувано на многу значајни домашни и светски конгреси, едукативни предавања и симпозиуми, давајќи свој придонес преку споделување на богатото искуство во рамки на својата специјалност.