fbpx

ДОКТОРИТЕ СЕ БОРЕА ЗАЕДНО СО МАЛИОТ ХЕРОЈ РОАН

03.06.2021

Среќа, страв и возбуда се чувствата со кои храбрата Шќипдона Меровци го опиша своето искуство на патот кон реализирање на најубавата жи-вотна улога на една жена, мајчинството. Како и сите бремени жени ставени пред најголемиот предизвик и најубавиот период од животот, и таа била со позитивни мисли за текот и раз-војот на својата бременост до оној момент кога вели дека сѐ се случило одеднаш, без никакви претходни симптоми. Во 26. гестациска недела, без никакви знаци и болки за породување, на Шќипдона ѝ прснал воденикот. Во тие моменти на страв и загриженост во кои морале брзо да реагираат, заедно со сопругот одлучиле довербата да им ја дадат на искусните доктори во „Аџибадем Систина“.

ПРЕДВРЕМЕНО ПОРОДУВАЊЕ ВО 27. НЕДЕЛА

За состојбата на пациентката се погрижил м-р д-р Александар Бојаџиев, специјалист гинеколог акушер, кој вели дека предвреме прснатиот воденик во таа недела претставува голем ризик и за бебето и за мајката доколку не се реагира навреме, а малиот Роан на свет дојде со родилна тежина од само 1.320 грама, поради што мораше да помине дури 49 дена на Одделението за неонатална интензивна нега.„Бев премногу исплашена да не го загубам бебето. Ова е прво породување за мене. Кога ми прсна воденикот немав никакви болки ниту, пак, некакви симптоми за породување. Д-р Бојаџиев успеа одлично да се справи со мојата состојба. Ме примија во петок, а по 7 дена се породив. Кај мене се појавија покачени вредности кои укажуваат на инфекција, иако имаше доволно вода за бебето, поради појава на инфекција мораше да се заврши бременоста. За нас допол нителен стрес претставуваше патот што требаше да го поминеме во таква состојба, но силно верувавме и бевме сигурни дека токму тука во ‘Аџибадем Сис-тина’ ќе успееме и ќе го спасиме нашето бебе“, вели Шќипдона.Пациентката дојде од Косово со прснат воденик во 26. гестациска недела и бременост којашто не беше кон-тролирана во нашата болница, објаснува д-р Бојаџиев.

roan
 

Тој додаде дека веднаш при приемот на пациентката ѝ била ординирана терапија, антибиотик и сѐ што е потребно со цел бременоста да истрае колку што може повеќе, односно за да му се даде максимална шанса на бебето. Недела дена по приемот на лабораториските наоди се покажаа зголемени параметри кои укажуваат на постоење инфекција, поради што се постави индикација за завршување на бременоста. Најчеста причина за предвремено прскање на воде-никот се бактериските инфекции, како што вели д-р Бојаџиев, тие понекогаш во текот на бременоста можат да поминат незабележано, но можат да направат оштетувања како на плодот така и да го загрозат здравјето на идната мајка. За да се добие здрав плод и бременоста да се развива нормално, потребно е нивно рано дијагностицирање и лекување. Доколку не се лекуваат некои од инфекциите во бременоста, може да доведат до спонтан абортус, предвремено породување, инфекции па дури и сепса.„Успеавме да ја задржиме бременоста уште една недела од прскањето на воденикот сѐ до поставувањето на индикација за да се заврши бременоста, бидејќи почнаа да растат лабораториските параметри за инфекција. Претходно, во идеално време за плодот дадовме терапија за зреење на белите дробови на бебето за да биде позрело и да има подобар животен старт. Голем е ризикот со прснат воденик и за бебето и за мајката, но повеќе за бебето доколку не се реагира навреме, 50 грама помалку во тежина не значат многу, но инфекцијата може да биде голем ризик за самото бебе. Постои ризик и за мајката бидејќи до-колку инфекцијата се прошири може да предизвика сепса и други проблеми кај мајката. Најважно е да се определи кога е најидеалното време, односно кога на бебето ќе му биде подобро надвор отколку внатре и тоа да биде со најмал ризик и за бебето и за мајката. Бременоста се заврши со царски рез, исто така во интерес на бебето“, изјави д-р Бојаџиев.

ПРЕДВРЕМЕНО РОДЕНИТЕ БЕБИЊА СЕ НАЈГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК ЗА МЕДИЦИНАТА

Од старт за малиот Роан се грижеше д-р Александар Сајковски, кој вели дека прематурните новороденчиња во оваа гестациска старост се веројатно најголемиот предизвик како за медицината така и за нив како нео-натолози педијатари. Ваквите бебиња се со најголеми ризици и шансите за завршување со лош исход се голе-ми, додава д-р Сајковски. Вели дека се пресреќни кога успешно ќе ја извојуваат борбата со ваквите бебиња и на крај сѐ ќе се заврши добро.„Поради незрелост на белите дробови кај детето се јави таканаречен респираторен дистрес синдром, состојба при којашто не може да се врши дополни-телна размена на гасови и истовремено таканаречено круто белодробие поради кое дојде до подигнување на белодробната лигавица, медицински познато како пневмоторакс. Мораше да се постави на респираторна поддршка и во исто време во неколку наврати се даде сурфактант супстанца којашто му недостасуваше за да може да има добра размена на гасови. Во текот на првите 10 дена таа механичка вентилација беше комбинирана со разни модели со цел кога ќе се подобри малку состојбата да преминеме на форма на вентилација со континуиран притисок преку нос или назален ЦПАП. Бидејќи бебето беше многу мало, со тежина од 1.320 грама, немаше развиено механизам за нормална исхрана и за голтање, па користевме тотална паренте-рална исхрана за да ги обезбедиме сите нутритенти за нормален раст и развој. Поради сурфактантот се разви таканаречена состојба на бронхопулмонална дисплазија па моравме да водиме два протокола за смирување на истата. По месец и половина лекување детето си замина дома во стабилна состојба и со зголемена тежина“, изјави д-р Сајковски.

roan
 

ПО МЕСЕЦ И ПОЛОВИНА ЛЕКУВАЊЕ, РОАН Е ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА МАМА И ТАТО

Родителите Шќипдона и Бехар со нетрпение, огромна среќа и возбуда едвај го дочекаа момен-тот да си заминат дома со малиот борец Роан. Тие им изразија благодарност на докторите и медицинските сестри за нивната посветеност и професионалниот пристап за време на целиот престој во болницата. „Роан сега е во стабилна состојба и тежи 1.800 грама. Сестрите ни објаснија како треба да се грижиме за него дома. Сега кога го зедовме си-нот и треба сами да се грижиме за него малку сум исплашена и возбудена. Ова за мене е како сон, но верував дека ќе успее затоа што секојдневно се бореше заедно со докторите“, вели Шќипдона. Таткото Бехар раскажува дека во деновите на не-извесност и долгиот период кој Роан го поминал на интензивна нега чувствата им биле измешани, но верувале дека ќе успее да се избори и дека се презадоволни од докторите и медицинските се-стри кои деноноќно се грижеле за нивното бебе.„Презадоволни сме од сите. Докторите и сестри-те секој ден ни даваа информации за состојбата на нашето бебе. За нас тоа беше доволно, за да веруваме дека сѐ ќе биде добро. Еден ден се чув-ствувавме добро, друг ден плачевме. Секој ден ни минуваше во неизвесност, бидејќи знаевме дека се работи за екстремно мало бебе, но на крај си заминавме дома заедно и уживаме во времето по-минато со нашиот мал борец“, вели Бехар.Борбата за живот на Роан почна на 19.12.2020 г. и по комплетната нега и грижа која месец и полови-на му ја пружаше медицинскиот тим на „Ацибадем Систина“ таа успешно заврши и на 6.2.2021 Роан си замина во прегратките на мама и тато.