fbpx

Доктори од „Аџибадем Систина“ на Европскиот кардиолошки конгрес

18.09.2019

kon

Тројца доктори од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ присуствуваа на Европскиот кардиолошки конгрес, кој годинава се одржа од 31 август до 4 септември во новоотворениот најголем конгресен центар во Париз. На настанот присуствуваа д-р Даниела Пројевска, д-р Иван Трајков и д-р Димитар Душкоски. Годинава конгресот доби поголемо значање затоа што беше здружен со Светскиот конгрес по кардиологија. Присутните доктори тврдат дека тоа била дополнителна можност затоа што овозможило конфронтирање на кардиолозите од различни делови на светот и споредба на важечките препораки од различни области.

kon

„Овој конгрес беше оптимална можност за средба на кардиолозите клиничари и кардиолозите кои покрај клиничката практика се занимаваат и со научноистражувачка работа за размена на искуства базирани на клинички студии и нивно аплицирање во секојдневната клиничка пракса за превенција и лекување на кардиоваскуларните болести. На конгресот имаше околу 32.000 делегати од 150 држави кои разговараа и разменуваа искуства во околу 500 сесии. На нив најголем акцент се даде на таканаречените Hot line и Late-Breaking Science сесии и беа презентирани новите препораки од пет области од кардиологијата, како што е лекувањето на преткоморни тахикардии, лекување на пулмонални емболии, препораките за третман на дислипидемии, лекување на стабилна коронарна болест, која е преименувана во хронична коронарна болест, и можеби тоа што е најзначаен новитет, излегувањето на новите препораки за лекување дијабетес, предијабетес и кардиоваскуларни заболувања како дел од кардиолошки препораки“, вели д-р Пројевска.

Од конгресот произлегле и нови студии со податоци за терапиите и нивната ефикасност.