fbpx

ДНЕВНАТА БОЛНИЦА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СО ПРОШИРЕНИ КАПАЦИТЕТИ

09.12.2021

Дневната болница во ургентниот центар во „Аџибадем Систина“ работи 24 часа, секој ден во неделата и ги покрива сите ургентни состојби кај возрасните. Со проширени капацитети во 8 засебни covid-19 save бокса, кај пациентите се спроведуваат потребните дијагностички постапки и интервенции со максимална контрола и безбедност. Во дневната болница пациентите примаат соодветна терапија, редовно се мониторираат и според нивната состојба се преземаат мерки за нивна хоспитализација на соодветен оддел во болницата или нивното испишување од болницата доколку состојбата е подобрена и нивната здравствена состојба не побарува понатамошен здравствен третман. Пациентите во дневната болница влегуваат преку посебен влез од Ургентниот центар, а престојот е ограничен на максимално 6 часа. Во Ургентниот центар е достапна услугата со антигенски тест 24 часа.