fbpx
ОДДЕЛИ

Ургентен центар

Ургентниот центар работи 24 часа, секој ден во неделата и ги покрива сите ургентни состојби кај деца и возрасни. Располага со амбулантни возила за брз и безбеден медицински транспорт, ургентни амбуланти (педијатриска, гинеколошко-акушерска, хируршко-интернистичка), дневна болница со 7 бокса како  и сала за реанимација. Центарот е директно поврзан со Одделот за радиологија, со што се овозможува брза дијагностика, а со тоа и навремен третман за ургентните пациенти.

Сала за реанимација и ресусцитација

Салата за реанимација е најбитниот сегмент од ургентниот центар. Во неа се сместуваат и веднаш се згрижуваат пациентите кои се во животнозагрозувачка состојба, истите имаат потреба од итен медицински третман и неопходно е веднаш да се спроведе реанимациона постапка, односно итна медицинска помош. При интервенција кај овие пациенти, во реанимационата постапка учествуваат и медицински тимови од Одделот за интензивна нега и реанимација, како и од Одделот за кардиологија.

Дневна болница

Во дневната болница пациентите престојуваат одреден период, односно нивниот престој е ограничен до оној момент додека се стабилизира нивната здравствена состојба. Во текот на престојот кај овие пациенти се спроведуваат потребните дијагностички постапки и интервенции, примаат соодветна терапија, редовно се мониторираат и според нивната состојба се преземаат мерки за нивна хоспитализација на соодветен оддел во болницата или нивното испишување од болницата доколку состојбата е подобрена и нивната здравствена состојба не побарува понатамошен здравствен третман.

Брз и безбеден медицински транспорт

Ургентниот центар располага и со три современо опремени амбулантни возила со кои се врши транспорт на пациентите од одредена локација до самата болница и обратно, како и за транспорт на пациенти на подалечни дестинации. Пациентите секогаш се придружувани од соодветни медицински тимови во зависност од нивната здравствена состојба и видот на болеста. Тоа се возила во кои е вградена висококвалитетна опрема за мониторинг, кислородна поддршка, респиратор, инфузомати и перфузо- ри за контролирано давање течности и поддршка на кардиоваскуларниот систем. Во зависност од потребата постојат и специјално опремени торби со адекватни лекарства, средства за имобилизација и завоен материјал кои би биле потребни во зависност од здравствената состојба на пациентот.