fbpx
ОДДЕЛИ

Стоматологија

„Систина стоматологија“ располага со најсовремена технологија и последна генерација на стоматолошки материјали кои гарантираат ефикасен третман на сите проблеми во устата и забите, без страв и без болка. Стоматолошките ординации имаат уникатен дизајн. Тие се дизајнирани во духот на светските метрополи Париз и Њујорк. Додека ја разубавувате вашата насмевка, просторот, музиката, елементите ве водат на романтична прошетка во Париз или помеѓу облакодерите во магичниот Њујорк. Во пријатна и опуштена атмосфера ќе заборавате дека сте на стоматолог благодарение на концептот стоматологија без болка. TENEO е најсовремениот стоматолошки стол во светот кој нуди максимална удобност на пациентите. За време на интервенцијата пациентот може да се релаксира благодарение на функцијата за масажа која овој стол ја поседува како своја карактеристика. Исто така, за поголема удобност и опуштање пациентот може да гледа телевизија или, пак, да ја следи работата на стоматологот преку специјален монитор како дел од опремата.

Во состав на „Систина стоматологија“ работи и 3D рендген кабинет кој располага со ORTHOPHOS XG 3D, кој e најсовремениот панорамски рендген-апарат кој овозможува висок квалитет на слики и помала доза на зрачење кон пациентот дури и до 60%. Оваа технологија обезбедува 3D панорамска слика на пациентот со што се добива точна дијагноза и можност за прецизни стоматолошки процедури. Овозможува најсовремена компјутерски водена имплантологија.

Тимска работа на докторите по дентална медицина

На Одделот работи искусен тим специјалисти обучени во врвни центри во светот. Тимот  на доктори по дентална медицина нуди решение за секој ваш проблем брзо, едноставно и без болка. Нуди услуги од:

  • Естетска стоматологија
  • Орална хирургија
  • Имплантологија
  • Протетика
  • Eндодонција
  • Детска стоматологија
  • Проблеми со темпоромандибуларни зглобови
  • Парадонтологија со пародонтална хирургија
  • Најсовремена ортодонција
  • Белење на забите

Естетска стоматологија

Насмевката е првиот впечаток на вашето лице. Таа мора да биде здрава, сјајна и блескава. Денес естетската стоматологија се смета за уметност, која треба да ви понуди не само совршен изглед туку и функционалност на забната низа. „Систина стоматологија“ нуди најсовремени протетски и козметички третман за здравје, естетика и функционалност на забната низа.

Zirconium коронки и мостови и CAD-CАM технологија

CAD-CAM е најсовремена компјутерска технологија за изработка на неметални коронки и мостови, а Zirconium-от е најцврстиот вештачки минерал кој има исти карактеристики како дијамантот. Се користи во протетиката за изработка на коронки и мостови совладувајќи ги сите предизвици од недостиг на поединечни или групи на заби, како и нефункцонали и неестетски заби. Zirconium коронките и мостовите кои ексклузивно се изработуваат во „Систина стоматологија“  се со природна боја, голема цврстина, не создаваат алергии и даваат врвни естетски и функционални резултати.

Орална хирургија

Оралната хирургија е гранка на денталната медицина која опфаќа различни хируршки зафати во оралната шуплина, како вадење заби, ресекција на врвот на коренот (апикотомија), како и вградување импланти.

Имплантологија

Денталните импланти се совршена замена за изгубениот заб. Го надоместуваат изгубениот заб и превенираат понатамошно губење на коската. Постапката е едноставна и се изведува во локална анестезија.

Детска стоматологија

Врвниот тим на доктори по дентална медицина во „Систина стоматологија“  посветува посебно внимание на оралното здравје на децата применувајќи најсовремени стоматолошки услуги. Сите интервенции се изведуваат внимателно со посебен пристап со цел да се победи стравот кај децата од стоматолог. За време на интервенцијата дечињата може да го гледаат својот омилен цртан филм.

Белење на забите

Блескава насмевка со бисерно бели заби е сон на многумина, па затоа и не нè чуди дека промената на бојата на забите може да претставува непријатен естетски проблем. Затоа нудиме најсовремено белење на забите за да ја исполниме желбата на пациентите за прекрасна холивудска насмевка.

 

 

Стоматолошки интервенции со целосна анестезија – ЕДИНСТВЕНИ КАЈ НАС

Покрај стандардните процедури, „Систина стоматологија“ овозможува мултидисциплинарен пристап во третманот на децата со пречки во развојот, како и сите пациенти со посебни потреби, но и пациенти со сериозни фобии и дополнителни здравствени проблеми. Со помош на анестезиолошкиот тим, стоматолошките интервенции се изведуваат во општа анестезија. Пред третманот се прави анестезиолошки преглед, а потоа пациентот се упатува во специјално опремена стоматолошка ординација. Откако ќе се заврши со интервенцијата, пациентот се буди и се сместува во дневна болница, каде што престојува 1 до 2 часа. Истиот ден пациентот си оди дома.