Ревматологија
Специфика на Одделот за ревматологија е мултидисциплинарен пристап во третманот на сложените ревматски заболувања. Комплексната природа на автоимуните болести се разрешува со алгоритамски пристап. Искуството на специјалистите заедно со софистицираните алатки (бројни автоантитела и најсовремените методи на CT, MRI, PET) кои ги обезбедуваат дијагностичките лаборатории, гарантираат навремено разрешување и на најкомплексните случаи и почнување на соодветен третман во оптимално време.
БРЗА ДИЈАГНОЗА И ТРЕТМАН
Ревматолошкиот тим со долгогодишно искуство овозможува дијагноза и третман на широк спектар ревматски заболувања, вклучувајќи ревматоиден артритис, склеродерма, системски лупус, гихт.
Во фокусот на Одделот за ревматологија се системско сврзно-ткивни болести, системски еритемски лупус, поли-дерматомиозитис, системска склероза, групата болести со голем диверзитет – васкулитисите и многу други автоагресивни ентитети кои ја носат ознаката автоимуни.
Временски оптималната дијагностика на ревматоидниот артритис е клучен услов за навремено почнување на лекувањето и спречување на брзата инвалидност.
Одделот за ревматологија обезбедува брза дијагностика и ефикасен третман на кристалните артритиси (гихт , псеудогихт и др.), но ја третира и епидемијата на 21 век – остеопорозата. Болните со артроза (остеоартритис) со клинички манифестации на ’рбетот и периферните зглобови исто така имаат можност да ги олеснат своите тегоби и да го подобрат квалитетот на својот живот користејќи ги нашите услуги.
Нашата мисија е да се промовира превенција, лекување и ублажување на последиците од ревматските болести преку едукација и користење најсовремени протоколи во лекувањето на овие пациенти.
ПРОЦЕДУРИ
– Епидурална инстилација на лекарства
– Артроцентеза со инстилација на лекови
– Дијагностичка артроцентеза
– Евакуациона артроцентеза
– Апликација на лек во мекоткивни структури
Сѐ уште го немате пронајдено тоа што го барате?
Имате прашање? Слободно контактирајте нѐ.