fbpx
ОДДЕЛИ

Радиотерапија

 

Радиотерапијата во „Аџибадем Систина“ се изведува на најсовремениот акцелератор за зрачна терапија TRILOGY. За првпат во регионот благодарение на технолошките можности со кои располага „Аџибадем Систина“ при планирање на третманот се користи PET/CT со што се овозможува прецизно бележење на туморот и здравите органи, што е од основна важност за успешни резултати на лекувањето со намалувањето на несаканите ефекти од третманот.

Радиотерапија

Радиотерапијата се спроведува со моќниот акцелератор Тrilogy. Со него се овозможува прецизен третман со високи зрачни дози на туморот и максимална заштита на околното здраво ткиво за пократок временски интервал.

Tехники кои се користат при аплицирање радиотерапија

  • Conformal Radiotherapy: (3D CRT) Conformal Radiotherapy
  • IMRT : Intensity Modulated Radiation Therapy – подобрена тридимензионална техника
  • SRT/SRS: Stereotactic Radiotherapy/Stereotactic Radiosurgery

 

 

Егзактна примена на овие техники е овозможена со IGRT, која подразбира најсовремено планирање и контрола на зрачниот третман користејќи различни модалитети (MRI, PET/CT, CBCT, PV) – IGRT : Image Guided Radiation Therapy

Полиња за апликација на радиотерапија

Во зависност од целта на радиотерапискиот третман, радиотерапијата може да биде:

  • Куративна радиотерапија

Имајќи ги предвид достапните информации за болеста, се применува кога болеста може комплетно да се излекува. Може да се аплицира самостојно или во комбинација со хирургија и хемотерапија.

  • Палијативна радиотерапија

Се применува во услови кога е невозможно комплетно да се излекува болеста. Целта е да се превенираат или да се намалат симптомите и да се подобри квалитетот на живот кај пациентите кои се соочени со сериозна и комплексна болест. Пример, коскената болка од која страдаат пациентите со промени на коските може да се намали со радиотерапија, исто така, со радиотерапија може да се превенираат патолошки скршеници на местото каде што постојат промени. Крвавењата предизвикани од поголеми тумори може да се стават под контрола со употреба на радиотерапија. Вкупните дози на радиотерапија во овие случаи се помали и времетраењето на третманот е значително пократко.

Радиохирургија

Радиохирургијата е дел од зрачната терапија со која се третираат тумори, најчесто во мозокот, кои не можат хируршки да се отстранат. За првпат во регионот овој тип зрачна терапија ја има и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со помош на најмоќниот и најбезбеден апарат за радиотерапија TRILOGY.

Повеќе информации за Центарот за онкологија и радиотерапија прочитајте на www.cancertreatment.mk