fbpx
ОДДЕЛИ

Психијатрија со медицинска психологија

 

На Одделот за психијатрија и медицинска психологија психијатрите и клиничките психолози овозможуваат сеопфатна дијагностика и третман на лицата кои бараат помош, медикаментозен третман, психотерапија или само советување за подобро справување со секојдневните животни проблеми. Основната дејност на Одделот е пред сѐ врзана за пациентите кои се наоѓаат на третман во „Аџибадем Систина“, а кои имаат потреба од психолошка поддршка.

СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ

Последиците од подолготрајниот, хроничен стрес можат да се манифестираат како промени во однесувањето во вид на напнатост, страв, пречувствителност, депресивност, конфузност, проблеми со концентрацијата и помнењето, повлекување, изолација од социјални контакти, како и телесни симптоми и телесни болести од најразлична природа, т.н. психосоматски болести. Психолошката поддршка во вид на советување за начините за надминување на стресот во голема мерка може да ја намали постојаната тензија која личноста ја чувствува и значително да го подобри квалитетот на животот, а со тоа и да го зачува доброто психичко, а пред сѐ телесно здравје.

 

 

ДИЈАГНОЗА И ТРЕТМАН

  • Амбулантски психијатриски третман на сите видови психички проблеми
  • Ментална хигиена за справување со стресот
  • Советување за подобрување на професионалното функционирање
  • Унапредување на психолошката добрoсостојба на мајката во текот на бременоста
  • Советодавна поддршка на хоспитализираните пациенти, како и во тек на медицински процедури
  • Психолошка подготовка и поддршка во претоперативниот и постоперативниот период.
  • Психотерапија на лица со психосоматски заболувања