fbpx
ОДДЕЛИ

Педијатрија амбуланти и стационар

Pedijatrija ambulanti i statsionar

За специфични болести, за децата се грижат над 30 врвни и искусни педијатри – супспецијалисти. Благодарение на нивното искуство децата на едно место може да добијат точна и навремена дијагноза.

Кардиологија и ревматологија. Грижата за здраво срце на вашето дете започнува уште во бременоста. Во „Аџибадем Систина“ трудниците имаат можност за фетална ехокардиографија со која се овозможува рана детекција на срцеви аномалии на плодот. Тимот детски кардиолози изведува кардиолошки скрининг на новороденчињата и ехо на срце кај деца. Посебен акцент е ставен и на дијагнозата и третман на ревматолошки болести. Со отворањето на Одделот за детска кардиохирургија, покрај дијагноза на срцеви мани кај децата, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди и третман на педијатриски кардиохируршки пациенти.

Пулмоалергологија. Искуството на тимот пулмоалерголози овозможува дијагноза на типот на алергија со алергиски кожни тестови, детекција на причини за кашлица, дијагностика со FeNO – азотен оксид – мерење на степенот на алергиска бронхијална осетливост, детекција на астматско дишно стебло, како и мерење на степен на проток на воздух низ дишно стебло со тест за белодробна функција.

Неврологија. Благодарение на докажаните експерти достапна е дијагноза и третман на невролошки заболувања во детска возраст (развојно следење на предвремено родени и бебиња од ризична бременост, епилепсии и епилептични синдроми во детство, невромускулни болести, инфекции на невромускулен систем, имунолошки и дегенеративни заболувања на нервен систем, акутни и хронични главоболки, развојни нарушувања).

Нефрологија. Супспецијалистичкиот преглед кај педијатар нефролог нуди можност за рано откривање на вродени малформации на уринарен систем, неонатален ехографски нефролошки скрининг, рана дијагноза и третман на уринарни инфекции кај деца, како и рано откривање и следење на хронични нефролошки болести. Во нашата болница достапни се и консултативни прегледи за одлука за оперативен третман на нефролошка болест.

pedijatrija

Хемато-онкологија. Во областа на детската хематологија постои можност за дијагностика и третман на сите заболувањa, почнувајќи од нарушување на еритроцитната лоза, сите видови анемии,  нарушувања  на леукоцитната лоза во смисла на леукоцитози и леукопении, нарушувања на тромбоцитната лоза меѓу кои најчести се тромбоцитопениите, акутни и хронични воспаленија на лимфните јазли и нарушувања  на коагулацијата. Во онколошкиот дел постои можност  за дијагностика на  малигни заболувања во детската возраст. Болницата располага и со современа апаратура за дијагностика на солидни тумори, постои можност за одредување на специфични тумормаркери, корбиопсија и патохистолошка дијагноза, можност за хируршка интервенција од страна на детски хирург и неврохирург, како и најсовремен акцелератор за зрачна терапија.

Гастроенетерохепатологија Благодарение на искуството од оваа област, постои можност за дијагностика и третман на сите заболувањa на гастроинтестиналниот систем, црниот дроб и панкреасот. Навремено се дијагностицираат и лекуваат најразлични гастроинтестинални симптоми и болести, вклучувајќи хронична болка во стомакот, рефлукс, запек, повраќање и гадење, нутритивни проблеми. Исто така, се третираат и специјализирани состојби, вклучително и воспалителни заболувања на цревата (Кронова болест и улцеративен колитис), билијарна атрезија, хепатитис, целијачна болест, рефлуксна болест, еозинофилни гастроинтестинални состојби, дебелина и синдром на кратко црево.

Стоматологија Во областа на детската стоматологија посебен акцент е ставен на едукација за правилно одржување на оралната хигиена и создавање позитивни навики од најмлада возраст. Тимот стоматолози ги изведуваат сите видови стоматолошки интервенции од областа на превентивната и естетската стоматологија, оралната хирургија и ортодонцијата. Стоматолозите во „Аџибадем Систина“ имаат долгогодишно искуство и посебен пристап при работа со деца со посебни потреби и фобии. Онаму каде е потребно, стоматолошките интервенции се работат под анестезија.

Ортопедија Ортопедскиот тим спроведува ран скрининг на вродени и стекнати заболувања на локомоторниот апарат (родилиште); редовни ортопедски прегледи во прва година – клинички и сонографски; клинички прегледи и ЕХО-прегледи на коскено-зглобен, мускулен и тетивен апарат кај деца. Тимот ортопеди нуди  конзервативно и оперативно лекување на дисплазии и луксации на колк; следење и конзервативно и оперативно лекување на деформитети во детска возраст; конзервативен и оперативен третман на вродено криво стапало по методот на Понсети; интра- артикуларна апликација на терапија; пункции на зглобни и вонзглобни промени; дијагностика и лекување  инфекции на локомоторен апарат; дијагностика и лекување тумори на локомотрен апарат; конзервативно лекување и следење, како и корективни интервенции кај деца со посебни потреби.

Анестезиологија. Со цел да се овозможат сигурни, безбедни и безболни интервенции на Вашето дете, постои тим на анестезиолози кои се задолжени за давање на општа анестезија, регионална анестезија или седација кај сите општи хируршки интервенции, кардиохируршки интервенции, ОРЛ интервенции, стоматолошки интервенции и дијагностички снимања кај децата.

ambulantio

Офталмологија. Офталмолошкиот преглед кај децата е неопходен за правилен развој на видот и се препорачува да се направи до 3-та година. Прегледот овозможува рано откривање на нарушувања во развојот на видот и истите можат и мора да се лечат за се овозможи нормален развој на детското око и видот. „Систина Офталмологија“ ја користи најсовремената опрема, а скрининзите и зафатите ги изведуваат специјалисти офталмолози за деца и страбологија и децата низ прегледот ќе се забавуваат и едуцираат. Тимот офталмолози нуди третман на детска диоптрија, страбизам, слабовидност (мрзливо око, амблиопија), катаракта кај деца, нистагмус (тресење на очите), отворање и прочистување на солзни канали. Сите видови на прегледи и зафати во „Систина Офталмологија“ се извршуваат во најкус можен рок и се сосема безболни и прилагодени на возраста на детето.

Оториноларингологија. Искусниот тим оториноларинголози ги нуди сите типови на дијагностика – отоскопија, отомикроскопија, фиберназоепифарингоскопија, фиберназоларингоскопија, тимпанометриски и аудиолошки испитувања. На одделот се изведуваат и педијатриски хируршки интервенции- операција на хоанална атрезија, аденоидектомија, тонзилоаденоидектомија, пласирање на вентилациони цевчиња, мастоидектомија, кохлеарна имплантација, вродени цисти на врат.

Дерматологија. Тимот дерматолози овозможува дијагностика и третман на сите педијатриски дерматози, егзантеми во детска возраст, како и нивен третман. Благодарение на современата медицинска технологија вклучувајќи ја и дерматоскопијата навреме се детектираат сите промени на кожата кај децата. На педијатрискиот стационар има можност за хоспитализација на сите деца кај кои е потребно болничко лекување на болести на кожата во детска возраст.

Диетологија и нутриција.  Феталната нутриција (во бременоста), исхраната кај новороденчето, во раното детство и адолесценција се темел на правилен раст и развој на вашето дете. Се превенираат фетални аномалии и несоодветна родилна тежина, се коригираат и адаптираат микро и макро нутритивни потреби според возраста, полот и физиолошките барања индивидуално. Тим на доктори благодарение на висококвалитетната апаратура, медицински искусни пракси, стручно ќе одговори и лекува симптоми, состојби и болести кои настануваат или се последица на проблеми со исхраната и нејзина интолерантност (глутен, лактоза, целијакија); запек/пролив; диетотерапија кај болести на црн дроб и бубрег, шеќерна болест, нутритивна поддршка на имунолошки систем. Третманот на дебелината, ниската телесна тежина и потхранетоста се наш врвен приоритет во грижата за детското здравје.

ПЕДИЈАТРИСКИ СТАЦИОНАР

Педијатрискиот стационар овозможува третман на болно дете на возраст од 0 до 16-годишна возраст. Во него се спроведува најсовремена дијагностика и третман базиран на светски практикувани протоколи за лекување болести на децата. Располага со 16 модерно уредени еднокреветни соби, од кои две ВИП-соби и една изолација со негативен притисок кои ги задоволуваат највисоките здравствени и естетски критериуми. Собите и апартманите се прилагодени за престој на родител со дете.