Ортопедија

Основната карактеристика која го прави Одделот за ортопедија и трауматологија во „Аџибадем Систина“ единствен и прв оддел од ваков тип е мултидисциплинарниот пристап на ортопедски хирурзи и хирурзи-трауматолози како еден тим. Дел од тимот е проф. д-р Јордан Савески, врвен експерт по трауматологија познат во целиот регион. Тимот овозможува дијагноза и третман од областа на ортопедијата, почнувајќи од најмалата возраст и новороденчињата, па сè до повреди и скршеници вклучувајќи и геријатриска траума (повреди карактеристични за повозрасната популација).
Ендопротетика
Ендопротетиката – оперативни интервенции за замена на зглобовите на колкот, коленото и другите зглобови со употреба на најмодерни протези. Овие интервенции имаат значајно место во ортопедијатата и трауматологијата поради унапредувањето на нивото на третман, ставајќи посебен акцент на превентивата, како и сè повисоките очекувања на пациентите кога е во прашање квалитетот на живот. Посебно сме горди на имплантирањето на керамички ендопротези на колк, како и имплантирањето на тотални протези на рамо.
Превентивни прегледи
Детска превентивна ортопедија, прегледи на локомоторниот апарат почнувајќи од неонаталниот период па сè до завршување на растот. Тука би ги вброиле и неврохируршки методи на третман на вродени и стекнати деформитети на локомоторниот апарат.
Онколошка ортопедија
Дел од интервенциите на нашиот тим е и хируршко отстранување на мускулоскелетните тумори. Тука ќе ги споменеме и имплантација на ревизиони, како и туморски протези кај оние пациенти кај кои тоа е потребно. Во нашата клиника исто така се изведуваат хируршки интервенции на отстранување метастази во коските и во ’рбетот.
Сѐ уште го немате пронајдено тоа што го барате?
Имате прашање? Слободно контактирајте нѐ.