fbpx
ОДДЕЛИ

Неврологија

 

Повеќе од 20.000 амбулантски прегледи и 3. 000 болничко лекувани пациенти во изминативе 7 години сведочат за континуираниот подем и довербата во тимот специјалисти. Одделот за неврологија е прв во државата кој почна со тромболитичен третман (разбивање  тромб) кај пациенти со акутен мозочен удар. Од 2016 година невролошкиот тим го предводи интраоперативниот невромониторинг во голем број операции со цел да се намали ризикот од несакани компликации и повреда на нервното ткиво за време на операција.

ДИЈАГНОЗА И ТРЕТМАН

Одделот во својата работа ги применува сите најсовремени дијагностички алатки (ЕЕГ – електроенцефалографија, ЕМГ – електромиографија, ЕП – евоцирани потенцијали, компјутеризирана томо- графија и артериографија, како и најсовремен апарат за магнетна резонанца 3 Tesla).

Овие дијагностики се користат кај:

  • Главоболки
  • Епилепсии
  • Цереброваскуларни болести
  • Вртоглавици
  • Дегенеративни болести (паркинсонизам)
  • Лумбаго и ишијас
  • Спондилози
  • Повреди на нерви од најразлична причина и следење на состојбата на враќање на повредените нерви
  • Воспаленија на периферните нерви
  • Вродени болести на мускулите (миопатии)
  • Воспалителни болести на мускулите (миозити)
  • Болести на невромускулната спојка (Myasthenia gravis)

 

 

НЕВРОМОНИТОРИНГ

Од 2016 година невролошкиот тим го предводи интраоперативниот невромониторинг во голем број неврохируршки операции со цел да се намали ризикот од несакани компликации и повреда на нервното ткиво за време на операција.

ТРОМБОЛИЗА

Мозочниот удар претставува изненаден губиток на функцијата на одреден дел од мозокот поради нарушена циркулација. Ако мозокот е оставен 5 минути без крв, доаѓа до неповратно оштетување и изумирање на мозочните клетки. Тромболиза преставува најсовремена терапија за третман на мозочниот удар. Се аплицира во вена со што тромбот се разбива, а со тоа се спречуваат последиците од мозочниот удар. Ако пациентот дојде 3 до 6 часа од почетокот на ударот со помош на терапијата кој го топи тромбот, овозможува брзо враќање на циркулацијата во затнатиот дел на артеријата. Со тоа се спречува големо и трајно оштетување на мозокот. Со примена на тромболизата инвалидноста кај ваквите пациенти се намалува или се сведува на минимум.

МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП

За успешните резултати од нашата работа зборуваат статистичките податоци, но пред сè задоволството на нашите пациенти. Најголем успех на Одделот за неврологија е мултидисциплинарниот пристап кој овозможува брза дијагноза и итен третман на пациентите со мозочни удари, како и дијагноза и третман на сите невролошки болести кај возрасни и деца.