НЕОНАТОЛОГИЈА И НЕОНАТАЛНА ИНТЕНЗИВНА НЕГА


Одделот за неонатологија се грижи за здравјето и благосостојбата на здравите новороденчиња преку следење на нивниот раст и развој, а достапна е и дијагноза, третман и следење на болни новороденчиња. Одделот е конципиран по принципот на rooming in – 24-часовен престој на новороденчето и мајката заедно (од моментот на раѓањето до испис од породилиштето). Во него работи најдобриот тим педијатри, неонатолози и високообучени медицински сестри кои овозможуваат и патронажна посета на ваше барање. Нашата болница има добиено сертификат и е акредитирана како „Болница пријателка на бебињата“.
Најсовремена Единица за неонатологија и неонатална интензивна нега
Единицата за неонатална интензивна нега е опремена со најсовремена апаратура како инкубатори, апарати за инванзивна и неинванзивна механичка вентилација, тотална парентерална и ентерална исхрана. Грижата за вашето бебе е овозможена од најискусниот тим неонатолози – интензивисти во државава.
Одделот за интензивна нега и терапија е отворен за прием на надворешни пациенти (новороденчиња породени во други медицински центри) кои имаат потреба од услугите за специјална нега и терапија што ги нуди нашата болница.
Транспорт на тешко болни новороденчиња
„Аџибадем Систина“ има услови и за транспорт на високо ризични и тешко болни новороденчиња. Болницата располага со најсовремено санитетско возило кое е целосно опремено и прилагодено за транспорт на возрасни, деца и новороденчиња. Покрај тоа, на располагање е и транспортен инкубатор со можност за самостојно одржување на телесната температура на новороденчето, како и независна апликација на кислород за време на транспортот.
Итен транспортен сервис
Високоспецијализираната мобилна единица за транспорт и интензивна нега на тешко болни новороденчиња и доенчиња
- Располага со: најсовремено санитетско транспортно возило; софистицирана опрема – транспортен инкубатор, транспортен респиратор, монитор, сет за интубација, инфузиомати; високостручен тим од лекар-специјалист и медицинска сестра
- Реализира: транспорт од еден до друг медицински центар во земјава и во регионот, како и транспорт кон и од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на критично болни новороденчиња за понатамошен третман.
Транспортниот тим го сочинуваат 6 лекари специјалисти, дополнително обучени за интензивна нега и изведување ваков тип транспорт и пет медицински сестри со искуство за интензивна нега.
Сѐ уште го немате пронајдено тоа што го барате?
Имате прашање? Слободно контактирајте нѐ.