
Доктори во одделот
- Д-р мед. науки Александар Сајковски
- Д-р Антони Христовски
- М-р д-р Драшко Димески
- Прим. д-р мед.науки Душко Фидановски
- Д-р Јана Јовановска
- Доц. д-р Наташа Најдановска-Алулоска
- Д-р Радица Муратовска-Делимитова
- Д-р Симонида Спасевска
- Д-р мед. науки Снежана Палчевска Коцевска
- Д-р Станка Танчева Крстевска
Неонатологија амбуланти

Стручниот тим неонатолози спроведува редовни контролни прегледи за следење на растот и развојот на новороденчиња и доенчиња до една година, како и консултативни прегледи. Покрај прегледот, неонатолозите даваат стручни совети за нега и грижа на новороденчето.
Едукација за доење и нега на новороденче
На мајките им се укажуваат предностите на мајчиното млеко и добиваат помош при совладување на техниките за доење. Покрај тоа, се едуцираат и за нега на новороденчето во домашни услови. Ваквиот пристап ја зголемува самодовербата на мајката и ѝ дава чувство на сигурност дека го прави најдоброто за бебето. Секоја родилка во „Аџибадем Систина“ добива брошура „Нега на мајката и на новороденчето по породување“ во која детално се опишани основните принципи на нега.

Посета на патронажна сестра
Неонаталниот период од развојот на бебето претставува најважен период за здравјето на вашето новороденче, а редовните здравствени контроли и грижа за него се од голема важност за неговиот понатамошен живот. Целта на програмата за посета на патронажни сестри на новороденчето е да им помогнат на мајката и бебето во домашни услови, но и да ги направат потребните контроли во текот на овој период.
Твој неонатолог
Бебињата родени во „Аџибадем Систина“ имаат свој неонатолог од самото раѓање. Тој е целосно посветен за нивниот раст и развој во првите денови од животот. „Твој неонатолог“ е концепт што влева сигурност и безбедност за мајките бидејќи знаат дека има некој кој постојано е тука за нивното бебе.
Сѐ уште го немате пронајдено тоа што го барате?
Имате прашање? Слободно контактирајте нѐ.