fbpx
ОДДЕЛИ

Неонатална интензивна нега

 

Со својата стручност, технологија и искуство на тимот, Одделот за неонатална интензивна нега е единствен оддел од ваков тип во земјата и регионот. Во него работат најдобрите експерти за интензивно лекување и следење на предремено родени и критично болни бебиња. Располага со 13 интензивни места од кои 2 места во изолација. Овозможува транспорт на критично болни деца од еден до друг здравствен центар. Одделот е отворен за прием на надворешни пациенти (новороденчиња родени во други медицински центри) кои имаат потреба од услугите за специјална нега и терапија.

Целиот тим на доктори и медицински сестри е едуциран и високообучен за работа во Единица за неонатална интензивна нега. Одделот за неонатална интензивна нега овозможува:

  • Третман и нега на предвремено родени бебиња
  • Третман на новороденчиња со асфиксија
  • Третман на новороденчиња со постпородилни инфекции
  • Третман на критично болни термински новороденчиња
  • Третман и нега на новороденчиња со мала родилна тежина и екстремно ниска гестациска старост
  • Тотална и суплементарна парентерална исхрана
  • Третман на состојби кои бараат постхируршко згрижување на новородените со потреба од хируршки третман

 

НАЈСОВРЕМЕНА ТЕХНОЛОГИЈА

Одделот за неонатална интензивна нега (NICU) располага со најсовремена опрема за згрижување и престој на новороденчињата (инкубатор и топли легла т.н. вормери или babyterm), мониторинг (24-часовно следење на основните витални пара- метри) и помош при дишењето (т. н. машини за инванзивна и неинванзивна респираторна поддршка). Со најсовремена апаратура за дијагностика (ехо и рендген дијагностика која се поставува на местото каде што престојува бебето), за многу кусо време се поставува точна дијагноза.

 

  • 24-часовен кардиореспираторен мониторинг
  • Најсовремени модуси на механичка вентилација
  • Опрема за згрижување и престој на новороденчињата (инкубатор и топли легла т.н. вормери или babyterm)
  • Мониторинг (24-часовно следење на основните витални параметри)
  • Машини за инванзивна и неинванзивна респираторна поддршка
  • Најсовремена апаратура за дијагностика (ехо и рендген дијагностика која се поставува на местото каде што престојува бебето)

 

 

ТРАНСПОРТ ЗА КРИТИЧНО БОЛНИ НОВОРОДЕНЧИЊА

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ овозможува специјализиран санитетски транспорт од еден до друг медицински центар на критично болни новороденчиња. Транспортот се изведува со најсовремено санитетско возило целосно опремено и прилагодено за транспорт на возрасни, деца и новородени. На располагање е и нов модел на транспортен инкубатор со респиратор, комплетен мониторинг систем и систем за континуирана венска терапија, можност за самостојно одржување на телесната температура на новороденчето, како и независна апликација на кислород за време на транспортот.

За најтешко болните новороденчиња кои имаат потреба од респираторна поддршка, располага и со најсовремен транспортен респиратор за механичка вентилација на новороденчиња и деца со тежина до 5 кг.

Главната предност на итниот транспорт е што интензивното лекување започнува уште за време на трансферот, односно уште пред новороденото да биде донесено за интензивна терапија. Станува збор за вистинска мобил-на единица за интензивна нега на новороденчиња, која може да ги задоволи потребите за пренесување на тешко болните новороденчиња по сувоземен пат на далечина до 400 км. Медицинскиот тим го сочинуваат 6 лекари и 6 медицински сестри посебно обучени и со долгогодишно искуство во изведување санитетски транспорт на тешко болни новороденчиња.

 

ПРИЕМ НА НАДВОРЕШНИ ПАЦИЕНТИ

Одделот за интензивна нега и терапија е отворен за прием на надворешни пациенти (новороденчиња родени во други медицински центри) кои имаат потреба од услугите за специјална нега и терапија што ја овозможува Клиничка болница „Аџибадем Систина“.