Нефрологија

Одделот за нефрологија овозможува континуирано следење на пациентите со бубрежни заболувања, нефролошко советување на пациентите и нивните семејства за превенција од бубрежни заболувања, како и проценка на ризик фактори за развој на бубрежно заболување. Нашиот тим ви нуди единствен и интегриран пристап во грижата за вашето бубрежно здравје со можност за истовремена уролошка и кардиолошка консултација.
АМБУЛАНТСКИ ПРЕГЛЕДИ И ПРОЦЕДУРИ
- микроскопска анализа на уринарен седимeнт со нефролошко толкување и советување,
- нефролошка консултација за уринарни инфекции
- ехо преглед на уринарен систем, надбубрежни жлезди и простата
- ехо преглед на стомачни органи
- ехо преглед на тестиси, паратироидни жлезди
- ехо со доплер на бубрежни крвни садови
- поставување и промена на уринарен катетар
- нефролошко следење и терапија кај посебна група пациенти (пациенти со пресаден бубрег, пациенти со дијабетична нефропатија), хронична бубрежна слабост.
- Третман на артериска хипертензија
- Лекување инфекции на уринарните патишта
- Гломерулонефрити и други имунонефропатии
- Анемија од бубрежно потекло
- Дијебетична нефропатија
- Хронична бубрежна болест
- Подготовка за бубрежна трансплантација
- Интервенции под контрола на ултразвук
ЦЕНТАР ЗА БУБРЕЖНА БОЛКА
Центарот за бубрежна болка овозможува брзо и ефикасно разграничување на слабинска болка, дијагноза и обезболување. Пациентите во секое време може да добијат консултација за бубрежни каменчиња, дијагностика и третман на бубрежна болка.
ИНТЕРВЕНТНИ ПРОЦЕДУРИ ПОД КОНТРОЛА НА ЕХО
- Биопсија на бубрег
- Биопсија на простата
- Поставување и одржување на нефростома
- Пункција и склерозација на бубрежна циста
- Поставување на централни венски катетери како крвен пристап за хемодијализа
Сѐ уште го немате пронајдено тоа што го барате?
Имате прашање? Слободно контактирајте нѐ.